По трката во Остин, MotoGP караванот се сели во Франција, каде што продолжува сезоната со престижната Гран При трка на легендарната патека Le Mans – Bugatti Circuit.
Le Mans – Bugatti Circuit
Изградена во 1965 година околу познатата 24-часовна патека, Le Mans Bugatti Grand Prix патеката се наоѓа 5 km јужно од градот Ле Ман и околу 200 km југозападно од Париз. Локацијата е дел од MotoGP календарот уште од доцните шеесетти години, но по тешката несреќа на Алберто Пуиг во 1995 година, патеката беше исфрлена од календарот сè до 2000 година, кога беа направени сериозни безбедносни подобрувања.
Le Mans е тесна и техничка патека, доминирана од свиоци што се возат во прва брзина, каде што најважни се доцното кочење, силното забрзување и задната тракција. Со капацитет од околу 100.000 гледачи, Bugatti Circuit е домаќин и на 24-часовната трка со камиони, FIA GP2 шампионатот, како и француските туринг и GT серии.
Спецификации на патеката:
- Вкупна должина: 4.19 km
- Ширина: 13 m
- Најдолг правец: 674 m
- Десни свиоци: 9
- Леви свиоци: 5
Распоред за следење на трките во Le Mans:
Петок
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 09:00-09:35 | Moto3™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 09:50-10:30 | Moto2™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 10:45-11:30 | MotoGP™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 13:15-13:50 | Moto3™ | Тренинг |
| 14:05-14:45 | Moto2™ | Тренинг |
| 15:00-16:00 | MotoGP™ | Тренинг |
Сабота
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 08:40-09:10 | Moto3™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 09:25-09:55 | Moto2™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 10:10-10:40 | MotoGP™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 10:50-11:05 | MotoGP™ | Квалификации бр. 1 |
| 11:15-11:30 | MotoGP™ | Квалификации бр. 2 |
| 12:45-13:00 | Moto3™ | Квалификации бр. 1 |
| 13:10-13:25 | Moto3™ | Квалификации бр. 2 |
| 13:40-13:55 | Moto2™ | Квалификации бр. 1 |
| 14:05-14:20 | Moto2™ | Квалификации бр. 2 |
| 15:00 | MotoGP™ | Tissot Спринт (13 круга) |
Недела
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 09:40-09:50 | MotoGP™ | Загревање |
| 10:00-10:40 | MotoGP™ | Парада на возачите |
| 11:00 | Moto3™ | Трка (20 круга) |
| 12:15 | Moto2™ | Трка (22 круга) |
| 14:00 | MotoGP™ | Гран При (27 круга) |


Коментари