(Време на читање: 1 - 2 минути)


По трката во Франција, MotoGP караванот се сели во Шпанија, каде што продолжува сезоната со Гран При Каталонија на патеката Circuit de Barcelona‑Catalunya.

Circuit de Barcelona‑Catalunya

Патеката е изградена во 1989 година како заеднички проект на Владата на Каталонија, општината Монмело и автомобилскиот клуб RACC. Отворена е во септември 1991 година и веднаш ја пречека својата прва Формула 1 трка. Во 1995 година стана домаќин на MotoGP Гран При Каталонија. Се смета за една од најдобро дизајнираните модерни патеки и во 2001 година ја освои IRTA наградата за најдобар Гран При. Има капацитет од околу 104.000 гледачи.

GRAN PRIX TIME 3 2 CAT

Спецификации на патеката:

  • Вкупна должина: 4.66 km
  • Ширина: 12 m
  • Најдолг правец: 1,047 m
  • Десни свиоци: 8
  • Леви свиоци: 6

Распоред за следење на трките во Каталонија:

Петок – 15 мај

ВремеКласаНастан
09:00-09:35 Moto3™ Слободен тренинг бр. 1
09:50-10:30 Moto2™ Слободен тренинг бр. 1
10:45-11:30 MotoGP™ Слободен тренинг бр. 1
13:15-13:50 Moto3™ Тренинг
14:05-14:45 Moto2™ Тренинг
15:00-16:00 MotoGP™ Тренинг
Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: