Третата трка од годинешниот МотоГП шампионат викендов се вози во САД.
Патеката „Circuit of The Americas“ беше изградена во 2013 година, со својот изглед, услови и капацитет од 120.000 гледачи стана хит и веднаш влезе во календарот на МотоГП шампионатот.
Со должина од 5,5 километри, патеката е составена од 20 свиоци од кои 11 се леви, а 9 десни. Најдолгиот правец изнесува 1200 метри, а најголемата брзина измерена на патеката изнесува 352,9 км/ч. Рекордот на патеката е во сопственост на Енеа Бастианини, кој во 2022 година сврте круг за време од 02:03.521.
Возбудувањата започнуваат во петок според следниот распоред:
Петок (14.04.2023) | SportKlub 3 |
16:00 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1 |
16:50 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1 |
17:45 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 1 |
20:15 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2 |
21:05 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2 |
22:05 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2 |
Сабота (15.04.2023) | SportKlub 3 |
15:40 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3 |
16:25 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3 |
17:10 MOTO GP USA: MOTO GP – СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ |
17:50 MOTO GP USA: MOTO GP – КВАЛИФИКАЦИИ |
19:50 MOTO GP USA: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ |
20:45 MOTO GP USA: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ |
22:00 MOTO GP USA: MOTO GP – СПРИНТ ТРКА |
Недела (16.04.2023) | SportKlub 3 |
18:00 MOTO GP USA: MOTO 3 – ТРКА |
19:15 MOTO GP USA: MOTO 2 – ТРКА |
21:00 MOTO GP USA: MOTO GP – ТРКА |