Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.
Легендарната патека Ле Ман е домаќин на трки со две и четири тркала многу години наназад. Првата Гранд При трка на оваа патека се одржа во 1969 година кога легендарниот Џакомо Агостини победи во трката со 500цц. Модерната патека е во календарот на ГП од 2000 година како постојана трка.
Патеката е со должина од 4.2км, составена е од 14 свиоци од кои 5 се леви и 9 десни. Најдолгиот правец изнесува 674 метри, а најголемата брзина забележана на патеката изнесува 323,7км/ч. Рекордот на патеката е во сопственост на Франческо Бањаиа во 2022 со време 01:30.4500.
Возбудувањата во Франција ќе се одвиваат според следниот распоред:
Петок (12.05.2023) | SportKlub 2 |
08:55 MOTO GP LE MANS: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1 |
09:40 MOTO GP LE MANS: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1 |
10:35 MOTO GP LE MANS: MOTO ГП – ТРЕНИНГ 1 |
13:10 MOTO GP LE MANS: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2 |
13:55 MOTO GP LE MANS: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2 |
14:55 MOTO GP LE MANS: MOTO ГП – ТРЕНИНГ 2 |
Сабота (13.05.2023) | SportKlub 2 |
08:40 MOTO GP LE MANS: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3 |
09:25 MOTO GP LE MANS: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3 |
10:10 MOTO GP LE MANS: MOTO ГП – ТРЕНИНГ |
10:50 MOTO GP LE MANS: MOTO ГП – КВАЛИФИКАЦИИ |
12:50 MOTO GP LE MANS: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ |
13:45 MOTO GP LE MANS: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ |
15:00 MOTO GP LE MANS: MOTO ГП – СПРИНТ ТРКА |
Недела (14.05.2023) | SportKlub 3 |
11:00 MOTO GP LE MANS: MOTO 3 – ТРКА |
12:15 MOTO GP LE MANS: MOTO 2 – ТРКА |
14:00 MOTO GP LE MANS: MOTO ГП – ТРКА |