Ова се боите на Гресини Дукати за 2024 година со која Марк Маркез ќе започне ново поглавје во својата МотоГП кариера.

Боите за дуото беа претставени за време на тимското лансирање во дискотеката Кокорико во Ричоне, Италија, недалеку од местото каде Марк последниот пат победи во МотоГП (настапот во Мизано во 2021 година).

marc marquez gresini racing 1

Најновата верзија продолжува со истите светло сина и црвена боја што Гресини ги користеше во последните две сезони, за време на кои освоија пет победи со поранешните возачи Енеа Бастијанини (4 во 2022) и Фабио ди Џиантонио (1 во 2023).

marc marquez gresini racing bi

Иако Марк Маркез присуствуваше на претставувањето, неговиот мотоцикл сè уште нема главен спонзор (или брендирање на Ред Бул). Алекс има сина 73 на предниот дел на својот мотор, додека фамозниот 93 на Марк е во црвено.

Браќата Маркез, исто како возачите на VR46 Марко Бецеки и Фабио ди Џиантонио, ќе возат стари машини GP23, додека Светскиот шампион Франческо Бањаија, тимскиот колега Бастијанини и возачите на Прамак Хорхе Мартин и Франко Морбидели ќе ги добијат најновите машини GP24.

alex marquez gresini racing ma

"Се разбира, ова е ново поглавје во мојата кариера. Проектот е возбудлив, мотивацијата е висока, но истовремено се чувствувам спокојно", рече Маркез за неговиот нов предизвик.

"Избрав многу важна одлука. Избрав еден начин и ќе видиме дали во иднина ќе биде добар или не, но проектот е да се обидеме повторно да го најдеме ентузијазмот и тркачкиот дух и да се бориме за добра позиција."

Браќата Маркез ќе можеме да ги видиме во новиот изглед за време на официјалниот тест во Сепанг од 6-8 февруари.

Back To Top