Од 13 до 15 овој месец според МотоГП распоредот за оваа година се вози седмата трка на патеката Ле Ман во Франција.

Легендарната патека Ле Ман е домаќин на трки со две и четири тркала многу години наназад. Првата Гранд При трка на оваа патека се одржа во 1969 година кога легендарниот Џакомо Агостини победи во трката со 500цц. Модерната патека е во календарот на ГП од 2000 година како постојана трка.

Патеката е со должина од 4.2км, составена е од 14 свиоци од кои 5 се леви и 9 десни. Најдолгиот правец изнесува 674 метри, а најголемата брзина забележана на патеката изнесува 316,6км/ч. Рекордот на патеката е во сопственост на Маверик Вињалес со време од 1'32,309.

Возбудувањата во Франција ќе се одвиваат според следниот распоред:

Сабота (14.5.2022) | SportKlub 3
09:00 SHARK Grand Prix de France: MOTO 3 – Тренинг 3
09:55 SHARK Grand Prix de France: MOTO GP – Тренинг 3
10:55 SHARK Grand Prix de France: MOTO 2 – Тренинг 3
12:35 SHARK Grand Prix de France: MOTO 3 – Квалификации
13:30 SHARK Grand Prix de France: MOTO GP – Тренинг 4
14:10 SHARK Grand Prix de France: MOTO GP – Квалификации
15:10 SHARK Grand Prix de France: MOTO 2 – Квалификации
16:25 SHARK Grand Prix de France: MOTO Е – ТРКА 1
Недела (15.5.2022) | SportKlub 3
11:00 SHARK Grand Prix de France: MOTO 3 – ТРКА
12:20 SHARK Grand Prix de France: MOTO 2 – ТРКА
14:00 SHARK Grand Prix de France: MOTO GP – ТРКА
15:30 SHARK Grand Prix de France: MOTO E - ТРКА 2
Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.