MotoGP

Феноменот Romano Fenati повторно надвор од шампионатот!

Се чини дека темпераментниот Италијанец сепак не е во состојба да ги победи сопствените демони и по 3 пат добива “клоца” во тек на сезона.

Сеозната 2012 беше забележана како сезона во која во кралската класа по долги години владеење на Rossi, кој во моментот ја возеше својата втора и последна сезона од очајната соработка со Ducati, Lorenzo владееше со Yamaha следен од Pedrosa и Stoner на Repsol Honda, додека пак во класата Moto2 титулата ја освои просперитетниот Marc Marquez, на втората трка во Jerez на мокра патека, присуствуваме на едно исклучително возење на (тогаш) младиот Италијанец Romano Fenati и се надевавме дека е потенцијално наследник на горе наведените. Имаше сè. Младост (16 годишен), брзина, талент и храброст. Да победиш во својата втора трка и тоа на влажна патека не е за потценување. А ако на таа победа ја додадеме и предноста од 36 секунди (!) пред второпласираниот, во класа во која обично првите тројца, а не ретко и првите 10, завршуваат во една секунда, тогаш јасна е и надежта и воодушевувањето кое се раѓаше во тие моменти за нов исклучителен возач. А конкурентите не беа за потценување. На подиумот се најдоа и талентираниот Luis Salom кој нè напушти прерано во 2016 година, како Sandro Corteze кој стана шампион во SSP во 2018-тата. А да, меѓу другите настапија и Rins, Vinales, Alex Marquez, Binder, Miller и уште еден возач со слична судбина Британецот Danny Kent.

201809092018 ipf 13 rsm race m2 sunlive ingest.mov.12 58 22 08.imagen fija001.middle

Прва сезона ја започна со подиум

Инаку својата прва сезона шампионатот ја започна со подиум, освојувајќи го второто место во Qatar...!

Потоа следеа неколку трки со послаби резултати и уште еден подиум за Големата Награда на San Marino.

Следната сезона во 2013-та, беше со послаби резултати што и не е така необично за млад возач, но сепак доволно добра за ангажман од VR46 академијата која започна со ангажман на млади и просперитетни италијански возачи. Тимот го делеше со уште еден возач кој сега настапува во MotoGP, Pecco Bagnaia кој во истата сезона не успеа да освои ниту еден единствен поен од 17 трки! Дали сега е јасно колкав процент од успехот е работа во однос на талент?

Прв црвен картон.

Осцилацијата во резултатите веќе почнува да станува заштитен знак за, сега веќе не толку неискусниот, Romano и се надополнува со покажување на незгоден темперамент и конфронтации со членови од тимот, но и со конкурентите на патеката. Затоа во 2016-та година добива отказ од VR46 во сред сезона и останува без ангажман. 

Сепак неговиот неспорен талент ги привлекува челниците на тимот Marinelli Rivacold Snipers кои му даваат можност за поправен испит со ангажман за сезоната 2017-та, по што ја оправдува довербата со освојување на вице шампионската позиција возејќи ја најдобрата сезона во неговата кариера.

Останува во истиот тим, но како награда добива унапредување во повисоката класа Moto2 за сезоната 2018-та. И до тука работите делуваат прилично оптимистично.

fenati

Втор црвен картон.

За жал тука уште еднаш почнуваат работите да одат надолу. Многуте падови и не завршени трки само додаваат на ионака лесно запалливиот темперамент кулминира со дисквалификација од трка, па и можна тужба за обид за убиство кога во трка заради претходни “кошкања”, на правецот во Misano, му ја допира предната сопирачка на Stefano Manzi при брзина од 217km/h(!) со што му го загрозува живот со потенцијален пад при висока брзина. Секој што вози мотор, или и бар малку разбира, знае колку е ова опасен и валкан потег.

За среќа Manzi успеа да се задржи на моторот и со тоа да се избегне уште поголема катастрофа.

Со дисквалификацијата доаѓа и губење на лиценцата, но само до крај на сезоната. Дали е ова премногу блага казна и исправна одлука, не знаеме.

Кога мислевме дека по цела оваа историја, кариерата на избувливиот Италијан е готова, дојде информацијата дека неговиот тим не се откажува од неговите услуги, но заради тоа што неговото место веќе беше зафатено за следната сезона, а и за да делува воспитно го враќаат скала подолу повторно во Moto3. Повторно следни сезона (2019-та) со осцилации и откажувања, но и една победа. 

Следи нов ангажман, во тимот на Sterilgarda Max Racing Team, чиј сопственик Max Biaggi, некој кој го разбира и кој можеби и толерира таков темперамент, му даде уште една шанса. Следат 2 сезони во кои Romano покажа некаква зрелост и искуство, но и повторно генијалност со возење на тотално поинакви возачки линии на патеката во однос на конкурентите. Додека неговата генерација веќе постигнува големи успеси во кралската класа, Romano во 2021 година се враќа во Moto2 на уникатната шасија на Boscoscuro возејќи за тимот на Speed Up Factory. И до тука повторно работите делуваат позитивни.

Трет црвен картон.

Категоријата Moto2, оваа сезона изобилува со многу талентирани и (по)млади возачи. Иако се работи за шасија која е единствено застапена во тимот Speed up, и важи за инфериорна во споредба со Kalex, со посветена работа и минимално претходно искуство, тимскиот колега 16-годишниот Fermín Aldeguer, 2 дена пред на наполни 17, ја освои пол позицијата за трката во Аргентина. Треба ли да продолжиме понатаму? ОК.

Romano повторно влегува во познатата спирала на фрустрација, сега под сериозен притисок заради неговите слаби резултати, а од другата страна на гаражата добрите резултати на веројатно најголемиот талент во класата. Повторно се случува отказ пред завршување на сезона. Сопственикот на тимот Luca Boscoscuro како причина за отпуштањето ги наведува слабите резултати, но никако не можеме да се оттргнеме од впечатокот дека токму темпераментот на Fenati е катализаторот за оваа одлука. Секогаш има кај сите возачи осцилации во формата и одредено време на адаптација на моторот, пред да се решат тимските шефови на ваков потег. Дури можеме да се посомневаме дека со оваа изјава шефот Luca како да не сака да мунаштети дополнително на Romano при евентуален иден ангажман. 

Како и да е, останува да видиме во кој правец ќе се движи кариерата на бунтовникот Fenati, а до тогаш на негово место ќе вози младиот Шпанец Alonso Lopez.

Спортот генерално памети вакви приказни кога огромниот потенцијал останува неискористен, а нам ни текнува на друг пример од блиското минато (а можеби и иднина), односно на Maverick Vinales кој засега има слична драматична кариера. 

Дали вие се сеќавате на сличен пример?

Краток колаж од испадите на Fenati 

Би можело да ве интересира

Деновите, пред една од најкултните трки во календарот, изобилуваат со содржини.

 Според најавата на некои светски медиуми за очекување е KTM многу наскоро да ја лансира својата нова понуда во рангот на новата 490 серија. 

Дали организација на трка значи само објавување на стартот и мафтање со црно бело знаме за крај? Дали обврските на организаторот завршуваат тука?

Неверојатна е брзината, желбата и посветеноста на најбрзите тројца на секоја досегашна трка во овогодинешниот шампионат на суперспортските мотори WSBK!

Викендов во Србија на патеката Навак се возеа 3 и 4 трка во рамките македонскиот и БМУ европскиот шампионатот во врзински мотоциклизам. 

Запознајте ги Бранко, Новак, Михаил, Горјан, Гален и Олег. Јас ги запознав едно неделно попладне на полјана во близина на спортскиот аеродром Стенковец. 

Листа на мото настани

Забава на Custom Choppers Strumica по повод отворањето на нивниот клаб хаус.

  • 14 Мај 2022 - 14 Мај 2022
  • Custom Choppers Club House
  • На главниот булевар во Струмица

Мото клубот Вепар на 15-ти мај ќе ја организира петтата по ред бавна трка.

  • 15 Мај 2022 - 15 Мај 2022

Чопер клуб го најави Run to the Sun 2022.

  • 24 Јуни 2022 - 25 Јуни 2022
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

МК Мечки од Куманово го најави годинешниот „Moto Rock Fest 2022“.

  • 11 Јуни 2022 - 11 Јуни 2022
  • Спортски аеродром Аџитепе

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Да продолжиме со поголемо темпо од онаму кај што застанавме во 2019 година.
Се гледаме на првиот викенд во месец Јуни!!!
  • 03 Јуни 2022 - 05 Јуни 2022
  • Нов Парк
  • Свети Николе

Дводневен мото фестивал во организација на МК Тиквеш Рајдерс од Кавадарци.

  • 17 Јуни 2022 - 18 Јуни 2022
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.