MotoGP

Прв преглед: Боите на Tech3 Red Bull KTM

Tech3 ќе настапи во сино – сребрена – портокалова комбинација во новата Red Bull KTM MotoGP и Moto2 ера.

Следете нè на:

 

Боите на фабричкиот MotoGP мотоцикл на КТМ остануваат исти и во сезоната 2019, а во средата во Матингхофен, за прв пат беше претставен и новиот сателитски тим на Red Bull KTM, Tech3. Откако во 2000-та година победи во класата од 250cc заедно со Оливие Жак и Yamaha, тимот на Ерв Поншарал следната година премина во премиерната класа и остана таму се до минатата година.

Но можноста да настапат со фабрички мотоцикли наместо со постара верзија на Yamaha, беше една од причините за одлуката на Tech3 да му се приклучи на КТМ во 2019 година. Тие го задржаа Хафиз Сиахрин а на тимот му се приклучи и Мигел Оливеира.

За тестот во Валенсија, Херез и Сепанг тимот настапи во црно-бела комбинација. Главното прашање кое се поставуваше деновиве беше дали Tect3 ќе настапи во боите на Red Bull, исто како и што настапуваше Toro Rosso во Формула. MotoGP и Moto2 тимот на Tech 3 ќе настапат во сино – сребрена комбинација а ќе биде додадена и портокаловата боја која е карактеристична за КТМ.

Tech3 Txt 1 13 02

„Одлично е што на светот можеме да му ги преставиме нашите нови бои“, изјави шефот на тимот Ерв Поншарал. „Прв пат ги видов кон крајот на декември кога Ники Руштофер за прв пат ми ги испрати фотографиите. Не ми се веруваше што видов, мотоциклот е прекрасен а боите се неверојатни. Металик сината и металик сребрената боја прават овој мотоцикл да изгледа многу поразлично од останатите. “

„За французите елеганцијата отсекогаш била многу важна. Затоа сум многу среќен што имаме ваков мотоцикл. Видовме како изгледаше оваа комбинација на тимот на Toro Rosso во Формула 1 и сметавме дека е многу убава. Сепак, најважно нешто на крајот останува брзината на мотоциклот.“

„Тестот кој го имавме во Сепанг пред неколку дена беше навистина интересен. Ако мотоциклот е убав и брз истовремено , тоа е дополнителен бонус. Затоа сме задоволни што конечно успеавме да ги преставиме новите бои. Сега не можам да дочекам да почне трката во Катар и се надевам дека ќе постигнеме добар настап.“

Сиахрин, кој се подготвува за својата втора сезона во шампионатот изјави: „Навистина сум возбуден поради новите бои. Мислам дека многу се разликуваме од останатите тимови. Не можам да дочекам да се појавиме на патеката во Катар со новиот мотоцикл. Изгледа неверојатно а сигурен сум дека ќе биде уште подобар под рефлекторите во Катар. Навистина ми се допаѓа новиот изглед е со нетрпение чекам да почне сезоната.“

Tech3 Txt 2 13 02

Оливеира, кој имаше добар настап во Сепанг, исто така е задоволен од мотоциклот: „Навистина ми се допаѓаат новите бои. Мотоциклот изгледа неверојатно. Многу е поинаков од она на што сме навикнати. Ова е навистина добар проект кој КТМ и Tech3 го работат заедно. Навистина е уникатно кога имате два исти фабрички тимови на патеката. Ова покажува дека КТМ наскоро сака да доминира во оваа класа но и општо во тркањето. Навистина сум среќен и привилегиран што сум дел од овој приоект.“

Со истите бои ќе настапи и тимот кој е дел од Moto2 серијата и за кој ќе настапат Филип Етл и Марко Безеки.

„Навистина сум возбуден поради презентацијата на тимот. Ми се допаѓаат боите на тимот и не можам да дочекам повторно да ја почнам соработката со моите механичари “, изјави Безеки. „Не можам да дочекам да ја почнам соработката со Ерв кој е навистина добар шеф. Уживав за време на тестовите во ноември. Тој е секогаш во гаражата и внимава како работиме. Во исто време, навистина сум горд што сум дел од една ваква екипа.“

„Не можам да дочекам да ја почнам новата авантура заедно со тимот и со Ерв“ , изјави Етл. „Тестовите во ноември ни донесоа интересни резултати и среќен сум што повторно ќе соработувам со мојата екипа. За време на зимата тренирав во Шпанија и Италија и мислам дека сум подготвен за новата сезона. Во однос на боите на нашиот мотоцикл, навистина ми се допаѓаа. Со нетрпение го чекам првиот тест од новата сезона и мотивацијата ми е на многу високо ниво.“

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.