MotoGP

Победа на Ринс на патеката во Арагон

Suzuki ја слави првата победа на Алекс Ринс во 2020 MotoGP Светскиот Шампионат. Јоан Мир е нов лидер на табелата.

Следете нè на:

 

Suzuki ја слави првата победа на Алекс Ринс во 2020 MotoGP Светскиот Шампионат. Јоан Мир е нов лидер на табелата.

Алекс Ринс стана осмиот различен победник на една трка од 2020 MotoGP Светскиот Шампионат откако на патеката во Арагон, во интересна трка успеа да заврши на првата позиција пред Алекс Маркез. Неговиот тимски колега од Suzuki, Јоан Мир е нов лидер на табелата откако Фабио Куартараро имаше лош настап и заврши на позиција која не носи бодови.

Викендот го одбележаа двата тима кои оваа сезона се уште се немаа радувано на победа, Suzuki и Honda. Во еден момент, Ринс и Мир имаа 1-2 позиција на патеката. Една недела после извонредниот настап на патеката во Ле Ман, Маркез можеби имаше уште подобар настап и малку го делеше од победа.

Трeтoтo место на трката која се возеше во Арагон му овозможи на Јоан Мир да се искачи на првата позиција на табелата. До крајот на сезоната остануваат уште четири трки.

Сите предвидувања пред стартот на викендот паднаа во вода по стартот на трката.

Фабио Куартараро ја почна трката од првиот ред но имаше слаб старт и пред него се најдоа Франко Морбидели и Маверик Вињалес. Шпанецот се обиде да направи предност во однос на другите возачи. Сепак, за многу кусо време се утврди дека тоа не се должи поради брзината на неговиот мотоцикл туку поради лошиот настап кој го имаше Куартараро.

Сепак, нејасно останува дали ваквиот настап се должи на инцидентот кој го имаше Французинот во саботата или пак на лошиот избор на предната гума. И Франко Морбидели се мачеше на патеката. Прв кој ја нападна лидерската позиција беше Алекс Ринс кој имаше одличен старт на трката. После првиот свиок од деветото се искачи на четвртото место. Кратко потоа успеа да ги претекне Морбидели и Куартараро и дојде до второто место. И неговиот тимски колега Јоан Мир имаше добар настап. Во последниот свиок тој успеа да претекне двајца возачи. Двата GSX-RR мотоцикли нa Suzuki после тоа се пуштија во потера по Вињалес.

 DSC3195 copy copy

Иако Вињалес добро го чуваше првото место, штом Ринс се искачи на втората позиција, беше јасно дека ќе дојде и до првото место. А токму тоа се случи во седмиот круг. Неколку круга подоцна, во 11-от круг, истото го стори и Мир. Suzuki во тој момент имаше 1-2 на патеката.

Последен пат Suzuki се најде во ваква позиција во 1982 година на патеката во Хокенхајм а добри беа шансите тоа да се повтори и во Арагон. Сепак, со тоа не се согласуваше Алекс Маркез кој имаше уште еден одличен настап на влажната патека минатата недела кога од 18-тата се искачи на втората позиција. Тогаш тој изјави дека многу повеќе ќе му значи доколку тоа го направеше на суви услови. Една недела подоцна, желбата му се исполни. Од 11-тата позиција на патеката, еден по еден ги претекнуваше ривалите. На крајот се соочи и со мотоциклите на Suzuki. На шест круга до крај го претекна Мир. Целта потоа му беше позицијата на Алекс Ринс и освојување на првото место на патеката на која во минатото доминираа неговиот брат Марк и Repsol Honda.

На крајот Ринс успеа да се одбрани од нападите и прв ја помина целната линија. Ова за него беше трета победа во MotoGP кариерата. На десет трки оваа сезона, тој е осмиот различен победник.

Но она што е уште поинтересно е фактот дека третото место кое го освои неговиот тимски колега, му помогна да се искачи на лидерската позиција на табелата. Вреди да се напомене и тоа дека оваа сезона Мир се уште се нема завршено на првото место на некоја од досегашните трки.

На четири трки до крајот на шампионатот, Мир има предност од шест поени во однос на Куартараро кој последната трка ја заврши на осумнаесетото место.

Маверик Вињалес трката ја заврши на четвртото место додека пак Такааки Накагами во последниот круг успеа да го претекне Морбидели и да го освои петото место.

Андреа Довициозо беше еден од возачите кој го искористи слабиот настап на Куартараро и успеа да ја намали разликата во генералниот пласман. Италијанецот, трката во Арагон ја заврши на скромното седмо место. Веднаш зад него беше Кал Кратчлоу кој и покрај тоа што стартуваше од третата позиција, после првиот свиок се најде на единаесетото место. Џек Милер и Јоан Зарко ги заокружија првите десет позиции.

Лош ден имаше тимот на КТМ. Бред Биндер заврши на единаесетата позиција, веднаш пред тимскиот колега Пол Еспаргаро. Лоша сезона има и тимот на Aprilia. Нивниот возач Алеш Еспаргаро трката ја заврши на тринаесетата позиција и покрај тоа што трката ја стартуваше од десетото место. Икер Лекуона и Данило Петручи ги комплетираа останатите позиции кои носат поени.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Damon престави две нови верзии на нивниот Hypersport модел. Машините имаат послаби перформанси но и нивната цена е помала.

Ducati престави лимитирана верзија на Diavel 1260 во чест на сестринската компанија, Lamborghini.

Преставена патеката по која ќе се вози релито Дакар 2021. Познатата трка повторно ќе се оддржува во Саудиска Арабија.

Honda повторно влезе во „big-bore“ крузер класата во 2021 со целосно новиот Rebel 1100, верзија на популарниот Rebel 500 која има поголем капацитет.

Данило Петручи вели дека бил многу тажен кога пред стартот на сезоната му било кажано дека нема да му биде продолжен договорот. Но сега, откако потпиша со КТМ, тимот кој изминатава сезона постигна три победи и осум пати се искачи на подиумот, Петручи вели дека е среќен поради таквата одлука на Ducati.

Kawasaki направи значајни промени кај познатиот ZX-10R за сезоната 2021.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.