Suzuki блескаше во Шпанија откако Алекс Ринс ја постигна првата победа по повеќе од 12 месеци. Јоан Мир, и покрај тоа што се уште нема победа е лидер на табелата на четири трки до крајот на шампионатот.

2020 MotoGP шампионатот продолжува да не изненадува откако Алекс Ринс го додаде името на листата на победници. Вкупно, оваа сезона имаме 8 различни победници на една трка. А ако ова не е доволно, Јоан Мир сега е лидер на табелата иако нема постигнато победа. Дали сте збунети? Фабио Куартараро стартуваше од пол позицијата и заврши на осумнаесетото место. Ситуацијата со Алекс Маркез пак беше обратна. Веќе се откажавме од тоа да се обидуваме и да предвидиме што ќе се случи до крај но барем знаеме кои се победниците а кои поразените од трката во Арагон.

Победник

Алекс Маркез

Имаше еден момент од трката во Ле Ман минатата недела кога можеше да се забележи дека сите се посреќни од Алекс Маркез за освоеното место на подиумот. Иако и тој беше задоволен, сепак напомена дека е поинаку кога на влажна патека ќе се искачите на подиумот. Само ако го постигне истиот резултат и на суви услови, вели дека ќе може да се каже дека е изедначен со другите возачи.

Каква беше неговата реакција? Една недела после трката во Франција го повтори истиот успех, само овој пат на суви услови. Дури и Алберто Пуиг сигурно не очекувал ваков резултат седум дена после претходната трка.

Иако според перформансите наликуваше на неговиот брат Марк, не сакаме да го споменуваме него бидејќи Алекс навистина го заслужи овој успех. Ова не го велиме само поради резултатот кој го постигна туку поради начинот на кој дојде до него. Маклу по малку го совладуваше мотоцикот на Honda и направи тој да работи за него. Што е уште поважно, покажа дека машината на Honda во моментов е најдобра на патеката, без разлика кој вози со неа.

Alex Marquez 21 10

Победник

Suzuki, Јоан Мир, Алекс Ринс

Алекс Ринс стана осмиот разичен победник на една трка оваа сезона додека пак неговиот тимски колега се искачи на првото место на табелата. За Мир ова беше петто искачуваме на подиумот оваа година. Накратко, ова е добра сезона за Suzuki. Навистина добра.

Иако има многу што да се зборува за оваа сезона во MotoGP шампионатот, она што е најважно е тоа дека Мир е лидер на табелата и покрај тоа што не е дел од групата на победници. Иако многумина се импресионирани од овој факт, очигледно е дека Мир е помалку фрустриран, велејќи дека воопшто не мисли на титуата се додека не постигне една победа.

Оваа трка покажа колку напредуваше Suzuki со GSX-RR. Изгледа дека тимот го направи токму тоа што возачите на Yamaha го бараа долго време.

 DSC3073 copy copy copy copy copy

Победник

Андреа Довициозо

Можеби Довициозо не е вистинскиот избор но дозволете ми да објаснам.

Ова не беше добар викенд за Андреа Довициозо. Без разлика како гледате на работите. Беше бавен за време на тренингот, испадна од првата квалификациска сесија, се скара со тимскиот колега.. јасно ви е за што зборувам.

Но неговата страст е она што не привлече. Навистина покажа колку му значи титулата, нешто до кое никако не успеа да дојде изминативе години.

Борбата за седмото место не е некој особен успех но сигурно е задоволен од тоа дека успеа да ги претекне двата мотоцикли на Ducati, Данило Петручи и Џек Милер.

Проблемите со кои се соочува Фабио Куартараро прават и Довицозо да биде дел од борбата за титулата. Во моментов тој заостанува само 15 поени од лидерот на табелата.

Sam Lowes 21 10

Победник

Сем Ловс

Пред неколку трки ако планиравте да се обложите на тоа кој ќе биде победник во Moto2 серијата, сигурно не мислевте дека тоа ќе биде некој помеѓу Лука Марини, Енеа Бастианини и Марко Безеки.

Но победите во Ле Ман и Арагон му овозможија на Ловс и тој да се вмеша во борбата за титулата. Да не се залетуваме премногу но победите на Ловс дојдоа во многу важен период. Во последно време, формата на неговите ривали оди по надолна линија.

Во моментов, Бастианини, Ловс и Марини ги дели разлика од само пет поени.

 DSC3839

Поразен

Фабио Куартараро

Мотоспортот знае да биде суров. Падови, технички проблеми, големи грешки или пак проблеми кои немаат никаква врска со возачот. Фабио Куартараро можеби имаше среќа досега но тешко беше да се гледа она што му се случи на патеката во Арагон.

И што е најлошо од се, тврди дека за тоа е виновен притисокот на пневматиците. Наместо да постигнеше добар резултат на последните две трки и да се доближи до првата титула за Yamaha по 2015 година, тој сега се наоѓа зад возач кој се уште се нема радувано на победа оваа сезона.

 DSC4524 copy copy

Поразен

Ducati

Ова е чуден период да се биде во гаражата на Ducati. Вашите двајца возачи си заминуваат на крајот на сезоната, единствениот возач кој има шанса за титуата не може да очекува никаква помош од тимот а некоку пати видовме и како приватен тим, кој го има вашиот стар мотоцикл, е побрз од вас.

Оваа година, во отсуство на Марк Маркез, е вистинска шанса за Ducati да дојде до титулата. Но она што е уште полошо се работите внатре во тимот. Данило Петручи самиот призна дека директно го нападнал тимскиот колега.

Довициозо вели дека не го обвинува Ducati за инцидентот. Петручи, кој ќе го напушти тимот, призна дека е незадоволен што не информиран за тактиката на тимот.  Во овој случај, Довициозо е само колатерална штета.

Ова покажува колку е само лоша атмосферата во тимот, во мометот кога Довициозо се бори за титулата. Ако Yamaha ја изгуби титулата на патеката, Ducati ќе ја изгуби титулата поради се она што се случува зад сцената.

Back To Top