MotoGP

Победа на Маркез на патеката во Арагон

Малку го дели Марк Маркез од нова титула откако стигна до убедлива победа на патеката во Арагон.

Следете нè на:

 

Малку го дели Марк Маркез од нова титула откако стигна до убедлива победа на патеката во Арагон.

Марк Маркез постигна убедлива победа на трката која се возеше во Арагон и ја зголеми предноста на табелата на 98 поени во однос на Андреа Довициозо кој исто така успеа да се искачи на подиумот.

Возачот на Repsol Honda уште на квалификациите покажа дека има неверојатна брзина. Стартуваше од пол позицијата а до крајот на трката не беше предизвикан од ниту еден возач.

Маверик Вињалес во поголемиот дел од трката ја предводеше групата на возачи кои беа зад Маркез. Иако после првиот круг тој се најде на четвртото место, сепак добрата брзина која ја имаше му помогна за кусо време да ги претекне Фабио Куартараро и Џек Милер кои беа пред него.

Вињалес имаше катастрофални последни три круга од трката и се соочи со проблеми кај задното тркало. Неговата брзина се намали а тоа му овозможи на Довициозо да го претекне и да избие на второто место. На крајот на последниот круг, и Џек Милер успеа да го помине Вињалес кој на крајот мораше да се задоволи со четвртото место.

Со новата победа и предноста од 98 поени,сега  на Маркез ќе му биде потребно да освои само 2 поени повеќе од Довициозо на трката која се вози во Тајланд за да ја освои титулата.

Marquez txt 23 09

Веднаш зад Вињалес, на петото место заврши Фабио Куартараро додека пак шести беше возачот на LCR Honda, Кал Кратчлоу.

Алеш Еспаргаро го освои седмото место а веднаш зад него беше возачот на Yamaha, Валентино Роси кој имаше проблеми во текот на целата трка.

Трката ја одбележа Алекс Ринс. Возачот на Suzuki најпрво имаше контакт со тимскиот колега Јоан Мир а потоа во свиокот број 12 се судри со Франко Морбидели од Petronas Yamaha.  Италијанецот заврши надвор од патеката а Ринс доби казна. Но и покрај сето ова, тој на крајот успеа да се пробие до деветото место.

Такааки Накагами и LCR Honda ја заокружија листата на најдобрите десет возачи а зад него следуваа Андреа Ианоне од Aprilia, Данило Петручи од Ducati и возачот на Tech 3 KTM, Мигел Оливеира.

Јоан Мир, кој до крајот на трката возеше со оштетен мотоцикл, заврши на четиринаесетото место додека пак последната позиција која носи поени ја освои возачот на Avintia Ducati, Тито Рабат.

Франческо Бањаиа беше шестнаесети а Мика Калио од Red Bull KTM заврши на седумнаесетото место. Карел Абрахам трката ја заврши на осумнаесетото место а зад него беше Бредли Смит. Уште еден лош настап имаше Хорхе Лоренцо кој заврши на дваесетата позиција. Последен беше возачот на Tech3 KTM, Хафиз Сиахрин.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

На 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

Со денешната одлука на Дорна се откажани трките во Германија (Захсенринг), Холандија (Асен) и Финска (КимиРинг).

90-та трка која требаше да се вози на патеката Асен на 28-ми јуни официјално е одложена.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.