MotoGP

Петручи: Ќе му помогнам на Дови

Откако ја исполни целта за оваа година, Данило Петручи вети дека ќе му помогне на тимскиот колега Андреа Довициозо во борбата за титулата.

Следете нè на:

 

Откако ја исполни целта за оваа година, Данило Петручи вети дека ќе му помогне на тимскиот колега Андреа Довициозо во борбата за титулата.

Откако стигна до првата победа во премиерната класа, Данило Петручи вети дека ќе му помгне на тимскиот колега Андреа Довициозо во борбата за титулата.

Петручи, на трката во Муџело успеа истовремено да ги претекне Довициозо и Маркез. На крајот се најде на првото место со предност од 0.043 секунди пред возачот на Honda а Довициозо беше на третата позиција.

„Уште од стартот на сезоната имаме две различни цели“, вели Петручи. „Мојата беше да стигнам до првата победа а потоа да му помогнам на Андреа во борбата за титулата. Ќе дадам се од себе за да ја исполниме и оваа цел. “

Петручи неколкупати се извини за опасниот обид за претекнување во последниот круг. Сепак вели дека тоа било негова шанса да дојде до победа.

„Следниот пат ќе размислувам за шампионатот. Мислам дека сме најдобриот тим во MotoGP, тоа го потврдуваат и поените.  Можеме да работиме заедно за на крајот повторно да бидеме први.“

Petrucci txt 1 05 06

Кон крајот на 2017 година, Ducati се обиде да примени неколку тактики кои требаше да му помогнат на Довициозо во борбата за титулата. Но сепак Дови, кој две сезони по ред завршува на второто место во генералниот пласнам,не е голем фан на вакви стратегии.

Каква помош би сакал или би очекувал од Петручи?

„Мислам дека треба да биде исто како и досега“, вели Довициозо. „Треба да имаме подобра комуникација за време на тренинзите. Да ги анализираме податоците. “

Довициозо му помогна на Петручи за време на зимските подготовки и на некој начин го ослободи целиот негов потенцијал, вели извршниот директор на Ducati, Клаудио Доменикали.

А и самиот Петручи беше благодарен за ова. „Сакам првата победа да му ја посветам на Андреа кој многу ми помогна во текот на зимата. Ова е неверојатно за тимски колеги. Жал ми е што денеска загуби драгоцени поени но навистина сакав да дојдам до победа. Сега треба да разговараме за остварување на тимските цели кои ги имаме за оваа година.“

Со оваа победа се зголемуваат шансите Петручи и во 2020 година да остане во тимот на Ducati.

„Победа на една Гран При трка е големо достигнување. Но сепак ќе почекаме до трката во Барселона и потоа ќе разговараме за иднината. Но морам да напоменам дека Данило заврши одлична работа“, изјави спортскиот директор на тимот Паоло Чиабати.

„Многу сум среќен за победата на Данило“, изјави Довициозо. „Заедно работевме бидејќи знаев дека има голем потенцијал. Требаше само уште да научи неколку работи и го стори тоа.“

„Мислам дека напредува оваа година бидејќи многу повеќе верува во себе.“

Довициозо вели дека и тој има корист од ова бидејќи сега тренинзите се многу поинтензивни и се учат многу повеќе работи.

„Секоја пат кога тренираме заедно одиме до крај и на тој начин учиме нови работи. Ризикуваме но тоа е дел од нашата работа.“

„Мислам дека многу ни помага и тоа што двајцата дојдовме тука од Мотокрос и имаме слична основа. “

„На секој тренинг се претекнуваме и сметам дека тоа е добро. Тој е многу талентиран. “

Marquez Training Txt 2 06 05

Маркез, кој го зголеми водството во однос на Довициозо на дванаесет поени, тренира на истиот начин.

„Секогаш тренирам со брат ми Алекс. Ризикот е поголем но кога тренираш сам не е исто. Но на тоа не гледам како на тренинг туку како на хоби“, вели актуелнит шампион.

„Но не сме само јас и брат ми. Има уште неколку други луѓе и интензитетот е секогаш висок. Ова е еден начин на кој се подобруваме. Секако, постои ризик од повреда, но таков е животот.“

Следната трка се вози на домашната патека на Маркез во Каталуња.

Ducati победи минатата година на оваа трка со Хорхе Лоренцо.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

Стурџис, мал град во Јужна Дакота, САД, е место за кое најверојатно немате слушнато освен ако не го следите релито “Sturgis Motorcycle”.

Кои возачи можат да му се спротистават на Марк Маркез на трката која овој викенд се вози во Арагон.

Авантуристичките модели во моментов се едни од најпродаваните мотоцикли во светот. Но дали ги знаете најчестите грешки кои ги прават возачите на вакви мотоцикли? Еве како да ги избегнете.

КТМ одлучи веднаш да го замени Јохан Зарко.

Мото клубот Вардар слави 41 година од своето формирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.