MotoGP

Милер за останувањето во Pramac: Имам одличен договор тука

Откако Данило Петручи победи на трката во Муџело, Џек Милер вели дека би бил среќен доколку остане дел од тимот и во 2020 година.

Следете нè на:

 

Џек Милер вели дека би бил среќен доколку остане дел од Pramac Ducati и во 2020 година но и дека очекува да ја користи истата опрема како и фабричките возачи на тимот. Уште од стартот на сезоната, Австралиецот се бори со Данило Петручи за тоа кој ќе му биде тимски колега на Андреа Довициозо во официјалниот MotoGP тим.

Местото на подиумот на трката во Ле Ман, првата победа во премиерната класа како и добрата соработка која ја има со Довициозо му ја даваат на Петручи фаворитската улога да го задржи местото во тимот и следната сезона.

Милер претходно изјави дека негова цел во сезоната 2020 е да биде дел од некој фабрички тим а не мора да значи дека тоа би бил Ducati. „Мислам дека ако завршиме добра работа, би можеле да бидеме дел од некој фабрички тим следната сезона“, изјави Милер кон крајот на минатата година. „Се надевам дека тоа ќе биде во Ducati но има и други опции.“

Но после трката во Муџело, која за жал заврши со излетување во 16-от круг, Милер вели дека се гледа себеси и следната сезона како дел од тимот на Pramac.

„Секако, секако“, изјави победникот на една трка од MotoGP шампионатот на прашањето дали и следната сезона се гледа себеси како дел од Pramac.

„Имам одличен договор тука. Ќе биде интересно да се види што ќе направи тимот бидејќи Пеко има договор кој вели дека следната сезона ќе настапи со фабрички мотоцикл. Ќе мораме да почекаме и да видиме што ќе се случи.“

Милер зборува за неговиот тимски колега, Франческо Бањаиа, кој во моментов настапува со GP18. Следната сезона, Италијанецот ќе го добие GP20. Дали останувањето на Милер во тимот ќе зависи од тоа дали ќе ја добие истата машина?

„Токму така. Затоа ќе мораме да почекаме и да видиме што ќе се случи.“

Jack Miller txt 11 06

Дали смета дека победата на Петручи на трката во Муџело му ги намали шансите да дојде до место во фабричкиот тим?

„Не знам. Не мислам на тој начин на темата. Само се обидувам да се фокусирам на мојата работа. Досега извозевме шест трки и освен на трка во Херез, на сите останати се борев со најдобрите возачи. “

„Ќе мораме да продолжиме да работиме напорно и да бидеме малку подобри во Барселона.“

Првите луѓе на Ducati веќе соопштија дека конечната одлука најверојатно ќе ја донесат по завршување на седмата трка од серијата.

Во однос на трката во Муџело, каде што Милер постојано ги притискаше Петручи, Маркез, Довициозо и Ринс,Австралиецот изјави: „Марк беше многу силен денеска а самата трка беше навистина интересна.“

„Малку беше и страшна, пред се при обидот на Ринс да ме претекне. Имаше уште некоку други блиски контакти.“

„До половина на трката сите бевме изедначени. Потоа ги видов Данило и Марк како притискаат повеќе. За кратко време направија малку поголема разлика.“

„Ринс исто така притискаше но и Suzuki направија одлична работа со пневматиците. “

„И јас почнав да возам побрзо а кога го постигнав мојот најбрз круг, бев многу блиску до Ринс. Сакав да го претекнам во свиокот број еден но решив да почекам. Знаев дека имам малку време и затоа одлучив да бидам трпелив. “

„Во моментот кога сакав да го претекнам, прерано ја пуштив кочницата а мотоциклот веќе беше премногу навален. Се обидов да го одржам стабилен мотоциклот но не успеав во тоа.“

„Штета за мене но и за тимот. Ова е наша домашна трка. Ова е тежок удар но покажавме дека имаме потенцијал.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа ја намали предноста на Алваро Баутиста на само 16 поени откако стигна до втората победа на трката во Мисано.

КТМ го надмина Harley Davidson во продажба на мотоцикли на глобално ниво. Австриската фирма сега се искачи на врвот и стана компанија која е најдобра во продажба на мотоцикли а која не доаѓа од Азија.

Овие фотографии ни покажуваат дека Yamaha планира да направи промени на нивниот ултра популарен модел MT-07.

Снимен во Северо – Западниот дел од државата, конечно имаме прилика да го видиме новиот Ducati Streetfighter V4 во неговата природна средина.

За само 18 месеци имаме нова поправка на патеката во Силверстоун.

Понекогаш треба да побараш нешто од универзумот за тој да ти ја исполни желбата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.