MotoGP

Роси: Еден од најлошите викенди

Валентино Роси вели дека се чувствува многу лошо откако излета надвор од патеката на неговата домашна Гран При трка.

Следете нè на:

 

Валентино Роси вели дека трката во Муџело му била една од најлошите откако беа изложени на виделина недостатоците на неговиот мотоцикл. Во 2016 година тој беше во водство на оваа трка пред да му откаже моторот. Една година подоцна заврши на четвртото место а минатата година се искачи на подиумот. Токму поради оваа причина тимот се надеваше дека ќе продолжи со добрите резултати.

Лошиот настап на Роси започна уште за време на третиот слободен тренинг кога поради една грешка се најде најдвор од листата на десет најдобри возачи. Стартот од осумнаесетото место беше катастрофален и целосно ги отсликува проблемите со кои се соочува. При обид да го претекне Јоан Мир во борбата за 14-то место, двајцата возачи излетаа надвор од патеката. Роси се врати на 22-то место но неколку круга подоцна тој повторно се најде надвор од патеката.

Проблемот, како што вели тој, лежи во забрзувањето на М1 што го прави претекнувањето многу тешко. „Единствено што сега можеме да си кажеме е дека не треба да се откажуваме.“

„Ова ми беше еден од најлошите викенди бидејќи во ниту еден момент не бевме брзи. Знаевме дека ќе биде тешко но не очекувавме нешто вакво. Вчера за време на втората квалификациска сесија направив мала грешка.  После тоа работите стануваа се потешки. Секогаш е тешко кога трката ја стартувате од позадина а особено кога вашата брзина не е толку добра.“

„Загубив многу при контактот со Мир. Се обидов да го претекнам но имаше контакт и двајцата излетавме надвор. Подоцна повторно излетав.Генерално гледано, имавме могу тежок викенд.“

„Не бевме брзи и се мачевме кога требаше да ги претекнеме другите возачи. Вакви трки се секогаш тешки. Но мораме да се обидеме и да се поправиме.“

„Каде имаме најголеми проблеми? Секаде! Немав добар старт но потоа три или четири мотоцикли ме претекнаа. Имаме проблеми со забрзувањето од еден до друг свиок. Не се работи само за максималната брзина. “

Rosi Mugello Txt 1 03 06

Роси го прифаќа тврдењето дека е невообичаено за него да направи толку многу грешки за време на еден тркачки викенд. „Кога си бавен, работите стануваат многу потешки. Мора да се обидеш и да направиш нешто.“

„Се обидувам да бидам подготвен за овој дел од сезоната бидејќи знам дека е многу важен. Минатата година до трката во Заксенринг успеав да освојам многу поени. Трката во Ле Ман беше хаотична но сепак успеав да дојдам до петото место.“

„Тука за жал работите беа многу потешки. Направив неколку грешки.“

Како ја споредува оваа трка со онаа од 2016 година кога поради механички проблем не успеа да заврши.

„Чувството е поинакво но оваа година мислам дека ситуацијата е полоша. Во 2016 година стартував од пол позицијата и можев да победам. Но тогаш откажа моторот. Се чувствувате лошо но барем знаете дека сте брзи.“

„Сега се чувствувам тажен бидејќи сум бавен.“

Rosi Mugello Txt 2 03 06

Во овој период од годината обично ривалите на Yamaha покажуваат подобрувања додека пак М1 не успева да се носи со нив а Роси вели дека е свесен за тоа.

На прашањето дали тоа ќе се повтори и оваа година, Роси вели: „Мислам дека тоа се случи во 2016,2017,2018 година а истото го гледаме и сега. Ривалте имаат неколку нови делови и им треба време да се навикнат на нив.“

„Вообичаено ние сме добри на почетокот на годината бидејќи немаме многу нови делови. Затоа ја користиме таа предност. Но кога другите тимови ќе ги надминат проблемите, тогаш ситуацијата станува потешка за нас.“

„За разлика од другите тимови кои имаат подобрувања, доколку ги погледнете нашите резултати во изминативе неколку години, ќе забележите дека повеќе или помалку тие се исто. За мене ова е голем проблем.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

За само 18 месеци имаме нова поправка на патеката во Силверстоун.

Понекогаш треба да побараш нешто од универзумот за тој да ти ја исполни желбата.

Kawasaki објавија детали од нивната оф роуд линија на мотоцикли за сезоната 2020.

Ако мислевте дека новиот авантуристички мотоцикл на КТМ е убав тогаш што мислите за новата 790 Adventure R Rally верзија?

Маверик Вињалес смета дека Хорхе Лоренцо следната трка треба да ја почне од последниот ред. „Изгледаше како почетничка грешка а тој е неколкукратен шампион.“

Андреа Довициозо го прифати извинувањето на Хорхе Лоренцо но сепак е разочаран од резултатот на неделната трка. Смета дека Лоренцо треба да добие казна.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.