„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Поранешниот возач на Repsol Honda,Дани Педроса,  кој се повлече од натпреварувањето по завршувањето на трката во Валенсија, се очекуваше да ги комплетира своите први кругови со RC16 за време на тестот кој ќе се оддржи на патеката во Сепанг во Фебруари 2019 година.

Сепак, извршнот директор на компанијата, Стефан Пиерер, изјави дека дебито на Педроса ќе се случи во Декември, 18-ти и 19-ти, на патеката во Херез. Ваквата одлука следува откако неговиот поранешен тим Honda одлучи да го ослободи од обврските кои ги има со нив.

„Покрај тестот во Малезија кој ќе се случи во Фебруари, ќе имаме тест со Педроса и пред Божик,“ изјави Пиерер за Speedweek.com.

„Првично се договоривме дека нема да има тестови во Ноември. Но успеавме да постигнеме договор со Honda и сега со нетрпение чекам да видам како ќе се покажеме на тестот.“

Пол Еспаргаро беше најдобриот возач на КТМ за време на тестовите во Валенсија и Херез но успеа да заврши само на 13. односно 17. место.  Јохан Зарко пак беше 21-ви, односно 19-ти.

Ваквиот настап го натера тимот, кој го освои својот прв подиум на трката која се возеше во Валенсија, да има тест со Педроса порано.

А бидејќи тој повеќе не е официјален MotoGP возач, за него не важи забраната за тестирање во текот на зимата која почнува од 1-ви Декември и трае се до 31-ви Јануари.

Педроса ќе ги дели задолженијата со Мика Калио а повторно ќе соработува и со Мајк Лејтнер кој сега е тимски менаџер на Red Bull KTM. Тој досега има постигнато 31 победа а во периодот помеѓу 2006 и 2018 година три пати завршуваше како вицешампион. Во периодот помеѓу 2003 и 2005 година тој ги освои титулите во класите 125cc и 250cc.

Back To Top