„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

Јохан Зарко е убеден дека нема да мора да го менува својот стил на возење откако премине од Yamaha во KTM.  Французинот, кој заврши на шестото место на трката во Малезија, се најде на 19. И 21. место на тестовите кои се оддржаа на патеките во Валенсија и Херез. RC16 делува како опасна машина кога со неа настапува Пол Еспаргаро, но Зарко вели дека нема потреба да го копира неговиот стил на возење за да постиггне напредок со Австриската машина.

„Морам да ја најдам мојата основа бидејќи нема да возам како Пол. Понекогаш ќе се обидат да ги правам истите работи како него, но не можам целосно да го копирам,“ објасни Зарко по завршување на тестот во Херез. „Знам дека мојот стил е добар, бидејќи како што видовте на последниот тест, бев конзистентен. Кога имам добро чувство на мотоциклот, можам да постигнам добри резултати.“

Французинот мислеше на последните кругови од тестот во Херез кога го постигна своето најдобро време.

 „Иако за време на последниот круг успеав да го подобрам мојот резултат за само една десетинка, се чувствував добро на мотоциклот и бев конзистентен. Дури и кога не се подобруваме во однос на брзината, ја подобруваме конзистентноста. Ова значи дека се движиме во правата насока но за добри резултати е потребно време.“

Уште една причина за оптимизам кај Зарко е тоа дека имаат подобро забрзување. „Треба да ја најдеме вистинската основа за побрзо да постигнеме добри резултати. Се уште работиме на тоа. Веќе се забележува напредок бидејќи секој пат кога ќе излезам на патеката постигнуваме подобар резултат. Ова значи дека се движиме во вистинската насока. “

Но за да постигне уште подобар резултат, на Зарко му требаат подобри перформанси во свиците.

Zarko 2

„Мислам дека најмногу треба да се подобриме при вртењето. Тука имаме мали проблеми. Но сепак тестот во Херез беше одличен и забележав некои работи кои ќе ми помогнат да имам подобра контрола над мотоциклот.“

Пол Еспаргаро, кој го освои првиот подиум за тимот на трката во Валенсија, повторно беше најдобар возач на екипата. А новите Tech3 KTM мотоцикли завршија на 23, односно 25 место. Со нив возеа поранешниот тимски колега на Зарко, Хафиз Сиахрин како и дебитантот Мигуел Оливеира.

Тест возачите на КТМ, Дани Педроса и Мика Калио, се очекува подоцна во текот на овој месец повторно да се вратат на патеката во Херез за да помогнат во развојот на 2019 RC16 во пресрет на следниот тест кој ќе се оддржи во Фебруари на патека во Сепанг.

Back To Top