MotoGP

Педроса: Ја заслуживме оваа победа

„Имавме проблеми, особено во мојот тим, затоа моите механичари ја заслужија оваа победа и мислам дека денеска е добар ден за нив“ – Дани Педроса

Следете нè на:

 

Дани Педроса изјави дека му олеснало што ги оставил проблемите со кои се соочувал оваа сезона зад себе, откако ја оствари својата прва Гран При победа по трката во Сепанг во 2015 година.

Педросаа стана осмиот победник сезонава во премиерната класа и влезе во историјата бидејќи оваа сезона има најголем број на различни победници откако трките започнаа да се оддржуваат во 1949 година.

66683a2c 781f 11e6 800a ae97f003174d 660x385

30 годишниот возач исто така ја прекина и серијата од пет трки едноподруго како не успева да се искачи на подиумот.

Возачот на фабричкиот тим на Honda имаше импресивен настап во последниот дел од трката и успеа да ги претекне Марк Маркез, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.

„Имавме проблеми, особено во мојот тим,  затоа моите механичари ја заслужија оваа победа и мислам дека денеска е добар ден за нив,“ изјави Педроса.

„Во последните неколку трки имаше различни победници а денеска сум среќен бидејќи тоа ми се случи мене. Имав поддршка од сите страни и одлично е што се одолжив на овој начин. Навистина сум среќен што сум тука.“

„Мораме да останеме фокусирани за следната трка. Гледаме дека секоја трка е малку различна. Перформансите на мотоциклот може многу да се променат а исто така зависи и од тоа како се однесуваат пневматиците на патеката. Мораме да останеме смирени и да продолжиме да работиме напорно.“

Во однос на стратегијата, Педроса изјави дека почувствувал дека има доволно брзина за да се бори за првото место но се плашел да не го направи тоа премногу рано.

„Работев навистина напорно денеска бидејќи стартував од осмото место. Имав добар старт, на почетокот мислам дека успеав да се искачам за две позиции погоре, но во првите неколку кругови не бев доволно брз а и тогаш Роси и Лоренцо се бореа.“

„Откако Роси изби на првото место, тој беше навистина брз па затоа и немав голем избор. Кога се најдов на четвртото место, бев сам неколку круга и ништо не губев ниту пак добивав. Но сепак знаев дека можам да имам добро темпо денеска,“ додаде Педроса.

„Всушност, темпото беше особено силно при средината на трката и при крајот. Останав фокусиран и се обидов да возам најдобро што можам. Малку по малку забележав дека се доближувам и знаев дека клучот е во тоа да не направам никаква грешка. Не размислував за победа се до десет круга пред крајот бидејќи видов дека се доближувам до место на подиумот. Малку подоцна, забележав дека го стигнувам Валентино. Се обидов да останам фокусиран до крајот на трката и сакав да ја искористам шансата да остварам победа.“

„Знаев дека ако прерано се обидам да го претекнам Валентино, тоа ќе биде погрешен чекор. Се обидов да го искористам вистинскиот момент за да го претекнам.“

Педроса на почетокот беше загрижен поради предното тркало, но како што се одвиваше трката, свати дека донел вистинска одлука со тоа што одлучи да настапи со мекиот пневматик на Michelin.

„Во однос на пневматиците, на почеток бев загрижен бидејќи никогаш немав користено вакви гуми на ладни услови. Ги користев само на утринските тренинзи.“

„Имав подобро чувство со таа гума. Не знам зошто. Гумата е иста како и другата но тие велат дека таа е малку поинаква. На почетокот бев малку загрижен бидејќи јас бев единствениот со овој вид на гуми. Но кога почнав да возам, знаев дека тие се подобри. Едноставно уживав во возењето. На последните неколку трки не се чувствував така, но денеска едноставно уживав.“

Педроса останува на четвртото место во генералниот пласман со заостанување од 17 поени зад Хорхе Лоренцо.

 

Би можело да ве интересира

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.