MotoGP

MotoGP Сан Марино: Роси и Лоренцо имаа вербална расправија после трката

„Не мораше да го направи тоа претекнување, беше подобар од мене денеска и порано или подоцна ќе ме претекнеше. Но, не мораше да биде толку агресивен“ – Хорхе Лоренцо

Следете нè на:

 

Колегите од тимот на Movistar Yamaha, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо имаа вербален судир на патеката во Мисано. Актуелниот шампион Лоренцо, го обвини Италијанецот дека бил премногу агресивен.

Роси,  агресивно се обиде да го претекне Лоренцо во вториот круг, што пак му предизвика проблеми на Шпанецот.  Нервозниот Лоренцо, кој беше исвиркан од фановите на Роси додека беше на подиумот, изјави дека поради тој потег за малку ќе излетал од патеката.

PA2019516.0008

Возачот на Repsol Honda, Дани Педроса, на сличен начин го претекна Роси подоцна на трката. „Докторот“ изјави дека немал никаков проблем со тој маневар: „Ова е трка и се обидуваш да победиш.“

Во однос на претекнувањето на Лоренцо, Роси изјави: „Како што кажав и претходно, претекнувањето во Мисано е секогаш тешко, и тоа секогаш сакам да го правам на почеток бидејќи сакам да се обидам да променам нешто.“

CsElbsWWEAEUBa3

Лоренцо, кој беше прашан да го каже своето мислење во однос на претекнувањето, изјави:

Лоренцо: „Можеби го поставувате ова прашање бидејќи потегот беше агресивен. Бидејќи ако не е така, тогаш нема да го поставите ова прашање. Можете да имате различни размислувања. Според мене, претекнувањето можеби беше преагресивно. Не мораше да го направи тоа, но го знаете неговиот стил. Другите возачи претекнуваат на поинаков начин.“ (Роси се смее)

Лоренцо: „Тоа е така, не ли знаеш?“

Роси: „Не, не.  Види го повторно претекнувањето на телевизија.“

Лоренцо: „ Ако не го исправев мотоциклот ќе се судревме. Можеби ти немаше да паднеш, но јас сигурно ќе паднев.“

Роси: „Тоа не е точно. Не знам што треба да кажам. Маркез десет пати го направи тоа на патеката во Силверстоун. Тоа што го кажуваш не е точно.“

Лоренцо: „Тоа е моето мислење.“

Роси: „Исто така, и ти претекнуваш агресивно.“

Лоренцо: „Кога? Ова е мое мислење. И директорите на трката ќе имаат свое мислење. Според мене, ако не го исправев мотоциклот, ќе паднев.  Во секој случај, не мораше да го направи тоа претекнување. Беше подобар од мене денеска и порано или подоцна ќе ме претекнеше. Но немаше потреба да биде толку агресивен.  Тој ќе има поинакво мислење.“

Роси: „Јас не се сложувам.“

Со освоеното второ место, Роси ја намали предноста во однос на Маркез на 43 поени. Лоренцо се наоѓа на третата позиција со заостанување од 61 поен зад Маркез и 18 поени зад Роси.

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.