90-та трка која требаше да се вози на патеката Асен на 28-ми јуни официјално е одложена.
Со оглед на тоа што не се знае како ќе се одвиваат работите со другите трки, во соопштението од патеката стои дека трката е „одложена до есента или до следната година“. Надлежните од патеката со жалење ја соопштија веста, но истовремено и упатија разбирање до владата и грижата за јавното здравје ја ставија на првото место.
Традиционалната трка која се возеше на последниот викенд во Јуни требаше да биде втора рунда во МотоГП шампионатот, една недела по трката во Захсенринг, но по се изгледа нема да ја видиме ни таа трка. Германија и официјално ги забрани сите настани со голема публика до крајот на Август. За сега останува само трката во Јули на новата патека КимиРинг во Финска, но патеката сѐ уште нема добиено хомологација.
Официјален МотоГП календар за 2020 | |||
Рунда | Датум | Трка | Патека |
- | 8 март | Катар (MotoGP откажана) | Losail |
| Шпанија (одложена) | Jerez | |
| Франција (одложена) | Le Mans | |
| Италија (одложена) | Mugello | |
| Каталуња (одложена) | Barcelona | |
1 | 21 јуни | Германија | Sachsenring |
28 јуни | Холандија (одложена) | Assen | |
2 | 12 јули | Финска | KymiRing (се чека хомологација) |
3 | 9 август | Чешка | Brno |
4 | 16 август | Австрија | Red Bull Ring |
5 | 30 август | Велика Британија | Silverstone |
6 | 13 септември | Сан Марино | Misano |
7 | 27 септември | Арагон | Aragon (преместена) |
8 | 4 октомври | Тајланд | Buriram (преместена) |
9 | 18 октомври | Јапонија | Motegi |
10 | 25 октомври | Австралија | Phillip Island |
11 | 1 ноември | Малезија | Sepang |
12 | 15 ноември | Америка | COTA (преместена) |
13 | 22 ноември | Аргентина | Termas de Rio Hondo (преместена) |
14 | 29 ноември | Валенсија | Ricardo Tormo (преместена) |
Би можело да ве интересира
Шесткратниот MotoGP шампион Марк Маркез ја заврши евалуацијата после операцијата која му беше направена во декември.
Возачот почина за време на транспортот од Џеда до Франција.
КТМ и формално потврди дека ќе биде дел од MotoGP уште пет години а до крајот на сезоната 2026 на патеката се очекува да има четири RC16 машини.
2021 Sepang MotoGP Shakedown е префрлен во Катар.
2021 Sepang Shakedown и официјалниот MotoGP тест се откажани.
2021 Kawasaki Ninja 400 пристигнува во две верзии, со и без ABS.