„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Како што веќе и се најавуваше, поранешниот MotoGP шампион, Кејси Стонер, нема повеќе да биде тест возач и амбасадор на Ducati.

„Сакам да му се заблагодарам на Ducati за одличните сеќавања а особено за поддршката и ентузијазмот на нивнте фанови. Засекогаш ќе се сеќавам на ова,“ изјави Стонер.

„Во изминативе три години, навистина уживав во работата која ја вршев тука. Заедно со инжинерите и техничарите, работевме на подобрување на Desmosedici GP и искрено му посакувам на тимот се надобро во иднина.“

На почетокот на оваа сезона, Стонер-кој во Јануари замина на операција после тестот на патеката во Сепанг, изрази сомневање во однос на неговата иднина во тимот, наведувајќи притоа дека одговорните луѓе во Ducati воопшто не ги слушале неговите забелешки. Во гаражите исто така имаше и гласини дека Алберто Пуиг се обидува да го донесе во тимот на Honda.

Откако се повлече трките во 2010 година со 38 победи и една светска титула, Стонер првично и помагаше на Honda околу тестовите а потоа замина во Ducati каде што помагаше во развојот на возачот Микеле Пиро.

Stoner Dukati 2

Италијанската компанија, која нема титула уште од заминувањето на Стонер во 2010 година, победи на две трки во сезоната 2016, шест во сезоната 2017 а оваа година досега исто така имаат шест победи.

Неговиот последен тест беше на патеката во Сепанг во Јануари а веднаш потоа мораше да оди на операција.

Ducati му се заблагодари на Стонер за неговата помош при развојот на нивниот MotoGP мотоцикл но и за развојот на новиот Panigale V4 супербајк.

„Кејси е, и засекогаш ќе остане во срцата на сите фанови на Ducati. Сакам да му се заблагодарам за соработката која ја имавме во изминативе три сезони,“ изјави Клаудио Доменикали, извршен директор на Ducati.

„Неговите сугестии заедно со помошта на помладите возачи помогна Desmosedici GP да биде еден од најдоминантните мотоцикли на патеката. Неговите совети во израбтката на продукциските модели исто така се покажаа од голема корист.“

„Заедно со нашите фанови сакаме да му изразиме искрена благодарност и да му посакаме успех нему и неговата фамилија во иднина.“

На последниот настап во Сепанг, Австралијанецот покажа дека се уште е квалитетен откако постигна одличен резултат. Сега останува да видиме дали Стонер го извозе својот последен круг во MotoGP или пак ќе премине во некој друг тим.

Back To Top