Веднаш откако беше соопштено дека се откажува Формула 1 трката во Кина, многумина се загрижија дека би можело истото да се и се случи и на MotoGP трката во Тајланд.

Веднаш откако беше соопштено дека се откажува Формула 1 трката во Кина, многумина се загрижија дека би можело истото да се и се случи и на MotoGP трката во Тајланд, која треба да се оддржи на патеката во Бурирам на 22-ри март.

Одговорот на ова прашање е ист како и пред еден месец: Да, трката во Тајланд ќе се оддржи на планираната дата, освен ако ситуацијата драстично не се промени и Тајландската влада издаде забрана за патувања.

 DSC3099 copy copy copy

Пред тестот во Сепанг, стапивме во контакт со IRTA за да добиеме официјална потврда дали ќе се оддржат тестовите во Сепанг како и трките во Катар и Тајланд.

Секретарот на  IRTA, Мајк Тримби, го изјави ова: „Dorna и  IRTA не се компетентни да даваат совети по ова прашање. Ги советуваме тимовите да ги следат упатствата на владите. Секако дека ќе реагираме доколку има нешто ново но засега нема промени во плановите за првите трки од сезоната.“

Во моментов, многу се мали шансите да се откаже Гран При трката на Тајланд. Според Светската Здравствена Организација, во Тајланд има 33 случаи на заболени од COVID-19 вирусот. Досега нема починати од заболувањето.

Колку само за споредба, во Јапонија има 29 заболени, 18 во Малезија, 14 во САД, 16 во Германија.

Засега е планирано да се оддржи трката во Тајланд, освен доколку ситуацијата драстично не се влоши.

Back To Top