(Време на читање: 1 минута)


Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Возачите на Repsol Honda, Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна  вилушка на нивната RC213V машина на двата пред сезонски тестови кои се оддржаа во Малезија и Тајланд.

CW2L4694

Неколку тимови експериментираа со ваква шасија во минатото. Во 2009 година, Ducati ја тестираше оваа технологија но целиот проект беше откажан откако возачите се пожалија на материјалот.

Сепак, според MCN, Маркез и Педроса се задоволни од новите компоненти кои ги испробаа за време на досегашните тестови. За време на последниот тест во Тајланд, Педроса постигна најдобро комбинирано време.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: