Ренди Мамола ќе биде последното име кое ќе се најде на официјалната листа на MotoGP легенди.

Возејќи заедно со некои од најголемите имиња на мотоспортот, Мамола постигна 13 победи, 57 пати се најде на подиумот но сепак на крајот не успеа да стигне до титулата.Тој беше познат по агресивниот стил на возење во текот на неговата кариера во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век, а покрај тоа и по големата дарежливост. Тој е коосновач на непрофитната организација „Riders for Health“.

Randy Mamola MotoGP Legend 01

Тој се уште е дел од светот на мотоциклите и многу често може да се забележи во гаражите на MotoGP тимовите, помагајќи им на возачите, комуницирајќи со големиот број на фанови, а понекогаш и карајќи се со новинарите.

Исклучително популарен меѓу фановите на мотоциклизмот, Мамола се натпреваруваше во време кога се тркаа можеби најдобрите возачи кои некогаш се нашле на патеката, Вејн Гарднер, Фреди Спенсер и Кени Робертс јуниор.

Мамола, кој четири пати се најде на второто место во генералниот пласман, од тркањето се повлече во 1992 година.

„Не очекував дека вака ќе ми започне денот но морам да признаам дека навистина сум изненаден. Кога им кажав на мојата жена и син најпрво ми честитаа, а потоа почнаа да ме задеваат дека сега ќе мораат да живеат со легенда. MotoGP е мојот живот и сум дел од трките веќе 39 години. Од првиот пат кога се најдов во гаражите, на само 19 години, па се досега видов секакви работи. Голема чест и привилегија е да бидете дел од ваква листа.“

„Исто така среќен сум што целиот настан ќе се случува во Тексас и голем број на мои пријатели и роднини ќе имаат можност да присуствуваат. Се надевам дека ќе можам да се оддолжам за ова признание. Мислам дека сум единствениот возач кој нема освоено титула но кој ја има добиено оваа награда.”

Мамола ќе ја добие наградата за време на оддржувањето на MotoGP трката во Остин, Тексас.

Randy Mamola MotoGP Legend 03

Back To Top