„За да го добиете резултатот кој го посакувате треба максимално да притиснете“ - Пол Еспаргаро.

Пол Еспаргаро, и покрај тоа што падна, повторно беше најдобриот возач на Honda на четвртиот ден од тестирањата во Катар.

Шпанскиот возач во моментов е во одлична форма и имаше добар настап на последната сесија. Но пред крајот на последниот час, на ред дојдоа брзите кругови и Шпанецот падна на десетото место.

Поранешниот Moto2 шампион исто така ја доживеа и првата несреќа во тимот на Repsol Honda. „Тоа беше чуден пад. Сакам да кажам дека тоа не беше проблем на Honda иако на почетокот на сесијата разгледувавме неколку различни пневматици“, вели Еспаргаро.

„Исто така имаше и ветер кој за разлика од вчера, сега дуваше директно кон нас. Мислам дека не ги користевме вистинските пневматици со оглед на временските услови.“

„Потоа ги заменив за оние кои ги користев вчера, пневматици кои имаа различен состав, и со нив постигнав подобар резултат. Затоа не сум премногу загрижен поради несреќата.“

„Првото излетување, искрено го очекував бидејќи притискав да постигнам побрзо време“, вели на шега Еспаргаро.

pol espargaro txt 12 03

Според многумина, стилот на возење на Еспаргаро најмногу наликува на оној на Маркез. 29 годишниот возач доби прашање дали знае зошто Маркез долги години е толку агресивен со мотоциклот на Honda.

Еспаргаро вели: „Почнува да ми станува јасно што треба да направите за постигнете подобар резултат.“

„За да го постигнете посакуваниот резултат треба да возите до самиот лимит а понекогаш и да го надминете. Токму затоа Марк вози до самиот лимит и понекогаш е многу блиску до излетување.“

„Со мотоциклите кои имаат ваква конфигурација морате да притискате до максимум. Затоа ми се допаѓа кога возам вакви мотоцикли. Но истовремено, ова ги објаснува и падовите кои се случуваат. Понекогаш пак возачите се мачат да се справат со предниот дел на мотоциклот.“

На две недели пред стартот на сезоната, останатите возачи го идентификуваа Еспаргаро како потенцијален победник на првата трка.

Шпанецот беше импресивен на долгите правци но вели дека првичните резултати нема да го залажат.

„Се чини дека во моментов сум навистина компетитивен, но ова е само почеток. Уживам со мотоциклот. Не можам да кажам дека сум подготвен да се борам за победа уште од првата трка но мислам дека сум блиску“, вели Еспаргаро.

„Секојпат кога излегувам на патеката учам нешто ново и се чуствувам добро поради тоа. Морам да продолжам да работам со тимот за подобро да го научам мотоциклот. Мислам дека можеме да имаме добра сезона ако ги избегнеме повредите.“

Back To Top