Фабио Куартараро со нетрпение ја очекува првата трка од сезоната. После пет продуктивни тестови со новиот тим, Monster Energy Yamaha, Куартараро вели дека е загрижен поради брзината која ја има машината на Ducati.

Заврши МотоГП тестот во Катар каде тимовите на Ducati и Yamaha покажаа конзистентни резултати во пресрет на првата трка од сезоната која се вози на патеката во Лосаил. Еден од возачите кој остави силен впечаток беше новиот возач на Monster Energy Yamaha, Фабио Куартараро.

Куартараро, заедно со тимскиот колега Маверик Вињалес и Џек Милер, успеаа да го подобрат резултатот кој го постави Марк Маркез на истата патека во 2019 година.

Ducati повторно покажаа дека имаат брза машина. На прашањето дали е загрижен од брзината на мотоциклите на Ducati, французинот изјави: „Да, на оваа патека се брзи. Но на Ле Ман не се толку брзи. Тука правецот е долг нешто повеќе од 1 километар и поради тоа сме малку загрижени.“

„Не можеме да ја зголемиме моќноста на мотоциклот и затоа мораме да се бориме. Но ако почнеме да мислиме на моќноста која ја има машината на Ducati, тогаш ќе загубиме дел од она на што сме фокусирани и сметам дека тоа не е добро.“

quartararo txt 1 15 03 2021

Откако помина две години во тимот на Petronas, Куартараро вели дека е задоволен од животот кој го има како фабрички возач.

„Одговорноста која ја имате како фабрички возач е огромна. Но мислам дека заедно со Маверик добро работевме на развојот на мотоциклот“, вели Куартараро.

„Маверик веќе шест години е фабрички возач и има поголемо искуство но за мене е малку чудно кога ги гледам сите овие инжинери како слушаат се што зборувам. Чуствуваш дека секој збор што ќе го кажеш е важен. Треба да зборуваш кратко но јасно и директно.“

Сезоната почнува за две недели а сите тимови ќе се обидат да ја повторат конзистентноста која минатата сезона ја имаше тимот на Suzuki.

Во однос на тоа дали Yamaha може да биде конзистентна како машината на Suzuki, Куартараро вели: „Во моментов не можеме да го кажеме тоа. Suzuki минатата година беше конзистентен и брз на сите патеки.“

„Досега имаме испробано само една патека. Можеби после Херез, Портимао, Муџело, ќе видиме дали сме конзистентни и дали имаме брз мотоцикл. Но во моментов не можеме ништо да кажеме бидејќи се уште не почнала сезоната.“

Back To Top