Сузуки тимот во МотоГП шампионатот официјално се враќа во 2015 година, но според најавите, тимот ќе искористи вајлд карта за да вози барем една од последните трки во годинешниот шампионат.

suzuki-motogp-tests-spain-2013-4

Сузуки тимот во МотоГП шампионатот официјално се враќа во 2015 година, но според најавите, тимот ќе искористи вајлд карта за да вози барем една од последните трки во годинешниот шампионат.

За Сузуки 2014 е подготвителна сезона, по која официјално се враќа во МотоГП шампионатот како фабрички производител. Јапонците сметаат дека возење на официјална трка оваа сезона ќе им помогне во анализата колку е подготвен новиот Сузуки МотоГП мотор во однос на конкуренцијата.

Целата работа ја поттикнал тест возачот на Сузуки, Ренди де Пуние, кој барал од Давиде Бривио (шефот на Сузуки н.з.) да вози на една или две трки оваа сезона.

randy-de-puniet-motegi-motogp-suzuki-racing

Бривио во интервјуто за италијанскиот „Motosprint“ вели дека идејата впрочем е добра и тимот на тој начин ќе може да направи реална споредба на силите во однос на конкуренцијата. За Бривио прифатливи трки се оние во Јапонија на Мотеги и Шпанија односно патеката Валенсија.

На страна од ова тимот ќе ги изврши сите тестирања како и останатите тимови во 2014 година, започнувајќи веќе следната недела со првите пред-сезонски тестирања на патеката Сепанг.

 Тимот сеуште не открива кој ќе биде нивни возач во 2015 година, во меѓувреме медиумите го сметаат Ренди де Пуние како најсериозен кандидат, иако неколкупати се споменуваше и името на Валентино Роси.

Back To Top