Кејси Стонер постигна одличен резултат на првиот ден од MotoGP тестот во Малезија. Иако само тестира за Италијанскиот тим, со својот настап покажа дека мотоциклот со кој Хорхе Лоренцо ќе се обиде да го освои шампионатот има потенцијал да биде компетитивен дури и без крилца.

Крилцата сега се забранети во MotoGP, а според правилата дозволена е само една промена на надворешните додатоци во текот на целата сезона.

Но дури и без крилцата, Стонер имаше одлично темпо на првиот ден од тестот.

stoner test sep 1

„Новиот мотоцикл е одличен без крилцата и имам чувство дека се движиме во вистински правец. За мене најголемата предност во овој случај е тоа што многу полесно можете да го промените правецот на движење на мотоциклот.“

„Ова ни покажува дека има повеќе начини да се биде брз и мислам дека Ducati ќе биде компетитивен и без крилцата. Можеме да ја подобриме стабилноста при сопирање.“

„Мораме да најдеме баланс за да го направиме мотоциклот малку покомфорен при влегување во свиок. Се движиме во вистинска насока.“

Сепак, овој мотоцикл не е конечната верзија и од Ducati велат дека работат на други варијанти во пресрет на следните тестови.

Back To Top