Пол Еспаргаро вели дека за разлика од мотоциклот на Yamaha, М1, моделот на КТМ, RC16 мора да се вози малку поинаку, а тоа после неколку круга може да биде исцрпувачки.

После три сезони на стабилниот M1 на Yamaha, Пол Еспаргаро верува дека на него и на КТМ им е потребно време за да го скротат дивиот RC16.

Еспаргаро покажа добро темпо во понеделникот откако заврши на шеснаесетото место и имаше само една десетинка послабо време од најбрзата Aprilia. Поранешниот Moto2 светски шампион во следните денови не го подобри резултатот и на крајот тестот во Малезија го напушти на 21-то место.

Познат по неговиот агресивен стил, Еспаргаро изјави дека до одредено ниво, мотоциклот на КТМ треба да се вози помалку диво. Ако притиснеш повеќе ќе постигнеш подобро време, изјави тој.

espergaro ktm1

„Многу е поинаков од мотоциклите кои ги возевме порано. Бара голем физички напор,“ изјави Еспаргаро.

„Мотоциклот е комплетно различен. Мора да се вози помалку диво. Мора да го држиш мотоциклот со своето тело, а тоа е многу исцрпувачки. “

„Секако, ако притиснеш повеќе на мотоциклот ќе постигнеш подобро време.Тоа можеш да го направиш еден, два круга, но неколку круга по ред е навистина тешко.“

„Тоа се обидувавме да го направиме денеска, но не само еден круг туку се обидовме да го повториме резултатот со веќе употребени пневматици. Ова е најважното нешто во моментов. Можеме да извозиме еден добар круг но потоа мотоциклот станува премногу агресивен.“

Во текот на трите дена Еспаргаро имаше многу нови делови за тестирање, вклучувајќи и три нови шасии. Во две од нив, Каталонецот пронајде елементи кои му се допаѓаат и се надева дека механичарите на КТМ ќе успеат да ги искомбинираат пред следниот настап во Австрија.

„Најдовме нешто добро но нешто и лошо во некои делови на шасијата. Мислам дека ќе ги искомбинираме овие за настапот на Филип Ајленд. Очигледно има некои добри работи на едната шасија но исто така има добри работи и на другата шасија. Би било подобро да ги искомбинираме. Тоа би било неверојатно. Но не е толку лесно како што звучи.“

„Но и со тие промени, сепак ни останува да се подобриме во други аспекти. Тешко е да кажам дали ова ќе биде мојот мотоцикл за 2017 година.“

Во однос на тоа каде најдобро реагира шасијата, Еспаргаро изјави: „Едната шасија реагира добро при излегување од свиок, а другата, која е полесна, е добра при влегување во свиок.“

„Но и двете треба да се подобрат. Во секој случај, КТМ работи одлично бидејќи успеавме да откриеме некои добри работи и кај двете шасии и имаме добра насока која ќе ја анализираме и на која ќе работиме.“

Back To Top