MotoGP

MotoGP: Се поинтересна станува борбата за титулата

Борбата за првото место на табелата во MotoGP шампионатот достигна ново ниво.

Следете нè на:

 

Борбата за првото место на табелата во MotoGP шампионатот достигна ново ниво.

Борбата за првото место на табелата во MotoGP шампионатот достигна ново ниво на неизвесност во Херез откако победата која ја постигна Марк Маркез го искачи од четвртата позиција на првото место. Иако победата му донесе доволно поени, таа сепак не беше доволна за да го оддели од другите возачи. Шпанецот, сега не се бори само против долгогодишниот ривал, Андреа Довициозо туку и со возачот на Suzuki, Алекс Ринс. Тројцата возачи во моментов ги делат само три поени.

Во неделата, Маркез одлично го спроведе својот план и го искористи неискуството на возачите на Petronas Yamaha, Фабио Куартараро и Франко Морбидели кои стартуваа заедно со него од првиот ред. Иако победи со предност од само 1.6 секунди, Маркез вели дека е среќен со победата пред се поради пораката која ја испрати до неговите ривали.

„Среќен сум што победив но особено сум задоволен што победив на тој начин. Тоа и ми беше целта. После грешката која ја направив во Тексас сакав тука да победам на ист начин. Токму тоа и успеавме да го направиме.“

MotoGP Table Txt 16 05

Но со предност од само еден поен на табелата, Маркез признава дека мора и на Ринс да гледа како на сериозен ривал.

„Уште за време на зимските тестирања знаев дека Ринс ќе биде во оваа позиција. Тој одлично ја стартуваше сезоната. Најголема предност му е тоа што се уште нема никаков притисок врз него. Секако дека тоа подоцна ќе се појави но во моментов може да биде среќен доколку заврши на третото место. Тој е уште еден ривал за титулата и заедно со Suzuki тие се подготвени за борба.“

Кон крајот на трката Ринс имаше неколку успешни круга кои ги оставија другите возачи далеку зад него. Но иако беше брз исто колку и Маркез кон крајот на трката, тој не можеше да направи ништо за да го стигне. Со ова уште еднаш се потенцираа работите кои тој мора да ги поправи.

Ринс вели: „Морам да бидам подобар за време на квалификациите. Но воопшто не е лесно да имате многу добро време. Морам да се обидам и да се подобрам. Трката беше навистина тешка а дополнително ги искомпликува работите фактот што стартував од третиот ред.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Листа на сите се познати договори кои возачи и тимовите ги имаат за 2020 година.

Лидерот на табелата Алекс Маркез ќе ја вози шестата сезона во Moto2 серијата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.