Викендов се вози 13-та рунда од МотоГП шампионатот на патеката Мизано во Сан Марино.

Викендов се вози 13-та рунда од МотоГП шампионатот на патеката Мизано во Сан Марино.
Патеката „Misano Adriático“ се врати во календарот на МотоГП шампионатот во 2007 година на радост на многубројната италијанска публика но и фановите ширум светот. Патеката е изградена во 1972 година од кога и беше редовна во календарот на најдоброто Светско мото натпреварување, се до почетокот на деведестите години. Со неколкуте реконструкции кои беа направени, патеката е подготвена да пречека до 60.000 гледачи.
Мизано е патека со должина од 4,2км, составена е од 16 свиоци од кои 6 се леви и 10 десни, а најголемиот правец е со должина од 565м.
Минатата година на Мизано славеше Валентино Роси, пред Лоренцо и Педроса. Оваа година во центарот на вниманието повторно се Роси и Лоренцо имајќи во предвид дека возачите на Јамаха се водечки во шампионатот, лидерот Роси има 236 поени, 12 повеќе од Лоренцо. Секако не треба да се исклучат и возачите на Хонда кои ќе се погрижат да следиме возбудлива трка, а доколку временските услови се врнежливи не се исклучува повторно да видиме изненадување на подиумот како што беше тоа случајот со Данило Петручи на минатата трка.
Сите возбудувања ќе можат да се следат во живо на Спорт Клуб каналите според следниот распоред:
| SportKlub 1 | Петок (11. септември) |
| 09:00 | Тренинг 1 Moto 3 во живо |
| 09:55 | Тренинг 1 Moto GP во живо |
| 10:55 | Тренинг 1 Moto 2 во живо |
| 13:10 | Тренинг 2 Moto 3 во живо |
| 14:05 | Тренинг 2 Moto GP во живо |
| 15:05 | Тренинг 2 Moto 2 во живо |
| SportKlub 3 | Сабота (12. септември) |
| 09:00 | Тренинг 3 Moto 3 во живо |
| 09:55 | Тренинг 3 Moto GP во живо |
| 10:55 | Тренинг 3 Moto 2 во живо |
| 12:35 | Квалификации Moto 3 во живо |
| 13:30 | Тренинг 4 Moto GP во живо |
| 14:10 | Квалификации Moto GP во живо |
| 15:05 | Квалификации Moto 2 во живо |
| SportKlub 3 | Недела (13. септември) |
| 08:40 | Warm up Moto 3 во живо |
| 09:10 | Warm up Moto 2 во живо |
| 09:40 | Warm up Moto GP во живо |
| 11:00 | Трка Moto 3 во живо |
| 12:20 | Трка Moto 2 во живо |
| 14:00 | Трка Moto GP во живо |
За оние кои ги немаат СпортКлуб каналите во својата ТВ понуда стриминг ќе биде достапен на следниот линк: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Коментари