(Време на читање: 1 - 2 минути)


Нема одмор за возачите во МотоГП шампионатот, акцијата се враќа во Европа со неделната трка на патеката Херез во Шпанија.

2146553650

Нема одмор за возачите во МотоГП шампионатот, акцијата се враќа во Европа со неделната трка на патеката Херез во Шпанија.

Изминатиот викенд бевме сведоци на одличната трка во Аргентина, а најдобрите светски мотоциклисти веќе се во Европа каде со своите тимови ќе учествуваат на неделната трка во Шпанија.

Во шампионатот водечки е актуелниот Светски шампион, Марк Маркез, кој со својата Хонда прокнижи максимални 75 бодови на три трки. Неговиот клубски колега Дани Педроса покажа солидно возење и желба за борба која одмна не сме ја виделе кај него, освојувајќи го второто место во Аргентина. Возачите на Хонда ќе се обидат да ја продолжат импресивната серија и барем Марк Маркез сигурно ќе оди на четвртата победа од исто толку трки.

За ривалите, возачите на Јамаха, Херез е патека која ги асоцира на убави спомени. За Лоренцо ова е домашна патека, тој на Херез има забележано две победи во класата 250цц, како и две победи во Кралската класа во 2010 и 2011 година. Во 2012 беше втор, а минатата година заврши на третата позиција.

За Валентино Роси Херез е патека на која има уште поголем успех од Лоренцо, тој тука има забележано шест победи во најсилната класа, и по една во класите 125 и 250цц. Во најавата за трката Роси вели: „Херез е фантастична патека, очекуваме многу фанови па целта е да се подобриме и да се избориме за место на подиумот“.

Првиот тренинг на програмата е во петок во 9.55, а вториот во 14.05. Во сабота, третиот тренинг се вози во 09.55, четвртиот во 13.30 по што започнуваат квалификациите. Q2 сесијата започнува во 14.35. Трката во недела започнува во 14 часот.

Возбудувањата ќе можете да ги следите на СпортКлуб каналот во живо како и преку стриминг линкот: www.sportcategory.com/c-10.html

KkN89lqXXNkl7pL9XOAOCuX9XtnTJIrz_hY1ACdfYvLHkQdDOECY1u2SviOppXjH_eKrUYQdF24c8mLUZ2DPDCZFkLjYAi_H6b6roY0XEXD03ATXwsLKDUFjxZ89yC0Zfg=s0-d-e1-ft
Технички информации
Патека „Jerez de la Frontera“
Локација Херез, Шпанија
Должина (m) 4423
Ширина (m) 11
Свиоци 13
Десни свиоци 8
Леви свиоци 5
Пол позиција Лева
Grand Prix of Spain
KkN89lqXXNkl7pL9XOAOCuX9XtnTJIrz_hY1ACdfYvLHkQdDOECY1u2SviOppXjH_eKrUYQdF24c8mLUZ2DPDCZFkLjYAi_H6b6roY0XEXD03ATXwsLKDUFjxZ89yC0Zfg=s0-d-e1-ft
KkN89lqXXNkl7pL9XOAOCuX9XtnTJIrz_hY1ACdfYvLHkQdDOECY1u2SviOppXjH_eKrUYQdF24c8mLUZ2DPDCZFkLjYAi_H6b6roY0XEXD03ATXwsLKDUFjxZ89yC0Zfg=s0-d-e1-ft
KkN89lqXXNkl7pL9XOAOCuX9XtnTJIrz_hY1ACdfYvLHkQdDOECY1u2SviOppXjH_eKrUYQdF24c8mLUZ2DPDCZFkLjYAi_H6b6roY0XEXD03ATXwsLKDUFjxZ89yC0Zfg=s0-d-e1-ft
Рекорден круг
Време 1'39.565
Возач J.Lorenzo
Мотор Yamaha
Година 2013
Најбрзо време
Време 1'38.189
Возач J.Lorenzo
Мотор Yamaha
Година 2008
Резултати од 2013
1. D.Pedrosa (Honda): 45'17.632
2. M.Marquez (Honda): +2.487
3. J.Lorenzo (Yamaha): +5.089
   

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: