Бриџстоун кој беше единствен снабдувач со гуми во МотоГП шампионатот од 2009 година денеска објави дека ја прекинува соработката со Дорна на крајот од 2015 година.

Bridgestone-BATTLAX-MotoGP-tyres

Бриџстоун кој беше единствен снабдувач со гуми во МотоГП шампионатот од 2009 година денеска објави дека ја прекинува соработката со Дорна на крајот од 2015 година.

Производителот на гуми Бриџстоун кој е официјален снабдувач во МотоГП шампионатот се согласи на продолжување на договорот со Дорна за само една година, што значи дека на крајот од 2015 тие ќе се повлечат од МотоГП.

Бриџстоун за прв пат се појави во МотоГП во далечната 2002 година, а веќе во 2003 го забележа првиот подиум. За победата производителот на гуми требаше да почека само уште една година, во 2004 година на Бразилското Гранд При. Од тогаш следуваа бројни победи како во 2005 така и во 2006, а успехот кулминираше во 2007 со првата шампионска титула на Кејси Стонер. Во 2008 и Валентино Роси ја освои титулата со овие гуми, што резултираше во назначување на Бриџстоун како единствен официјален снабдувач со гуми во шампионатот.

Како што се вели во соопштението од Бриџстоун, технологијата која тие ја развија на патеките во изминатите години ќе биде од огромно значење за обичните возачи. Издржливоста на пневматиците, како и квалитетот на компонентите постепено се пренесуваат во секој нов модел на гуми за мотоцикли од Бриџстоун.

Тие на крајот од соопштението им изразуваат благодарност до сите возачи, тимови, надлежните лица во МотоГП, како и сите фанови ширум светот за поддршката низ годините.

Бриџстоун излегува од МотоГП на крајот од 2015 година, што мислите вие, кој ќе биде новиот снабдувач со гуми, или пак подобро би било секој тим да може да одбере свој бренд?

Back To Top