MotoGP

Дигитални панели ќе се користат од МотоГП трката на Португалија

Dorna ќе инсталира високотехнолошки дигитални панели на сите МотоГП патеки во сезоната 2021.

Следете нè на:

 

Dorna ќе инсталира високотехнолошки дигитални панели на сите МотоГП патеки во сезоната 2021.

Dorna Sports објави дека постигнала договор со EM Motorsport за да ја обезбеди МотоГП серијата со 22 дигитални, високотехнолошки панели кои ќе се користат на секоја трка. Почнувајќи од сезоната 2022, сите патеки кои се домаќини на една трка од шампионатот ќе мораат да инсталираат еден од Т1 или Т2 панелите. Ова е направено со цел да се зголеми видливоста на информациите поврзани со условите на патеката за сите возачи и на тој начин да се избегнат било какви инциденти.

digital panels 1

Воведувањето на овие панели во текот на остатотокот од сезоната ќе им помогне на тимовите и на возачите да се навикнат на оваа техологија пред новите правила и официјално да стапат на сила.

22-та панели кои ќе патуваат заедно со тимовите оваа сезона, ќе дебитираат на трката во Португалија. Хомологациските дигитални панели обезбедуваат одлична прегледност иако возите со голема брзина. Тие се видливи на сите временски услови и треба да им помогнат на возачите за време на сесиите. Воедно, овие панели значително ја подобруваат и безбедноста на патеката.

EM Motorspor направија голем број на тестови на овие панели за да се осигураат дека тие ќе бидат функционални без разлика на временските услови. МотоГП ќе користи комбинација на Т1 и Т2 панелите. Првите ќе се користат на правците и на брзите делови додека пак на остатокот од патеката ќе се употребуваат Т2 панелите.

digital panels 2

Т1 панелите се главен производ на EM Motorsport. Панелите Т2 пак еволуираа од Т1 и имаат задача да понудат врвна технологија на целиот пазар со мотоцикли. Нивните димензии се различни за да може да се адаптираат на различни патеки и во различни шампионати.

Овие панели ќе бидат целосно интегрирани во актуелниот Race Control систем на МотоГП. Тие ќе бидат контролирани од овој систем и ќе можат веднаш да го променат статусот на целата патека. Секој панел има конзола која ќе биде управувана од страна на маршалите кои се наоѓаат покрај патеката. Тие ќе можат да покажат кога има жолто знаме или пак ако има инцидент во некој сектор. Безбедносниот офицер на МотоГП ќе одреди каде ќе бидат поставени панелите околу патеката. Притоа ќе се внимава тие да бидат лесно видливи за возачите.

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.