MotoGP

MotoGP: Portimao повторно ги измеша картите!

Ако COTA е синоним за родео, тогаш Portimao може комотно да стане синоним за родео со потполно подивени коњи!

Доколку на патеката која изобилува со висински разлики и слепи свиоци ѝ додадете константни промени на временските услови, па сето тоа го зачините уште и со најниски температура во оваа сезона, добивате одличен рецепт за руски рулет. Бонус се ненавремените реакции на судиите и генерално управата на трката која не се снајде баш најдобро во целата ситуација и придонесе за конечниот хаос кој резултираше со многу падови на возачите.

cf mgp 05 por mgp race 2of3.00 00 08 13.still002.big

Сите сакаме возбудливи и неизвесни трки, што е впрочем и главната причина зошто гледаме MotoGP, но никој не сака повредени возачи, или (не дај Боже) уште полошо...

Токму тоа и се случуваше изминатиот викенд. Многу падови, многу повреди, многу оштетени мотори, многу потрошени пари и нова состојба на табелите во сите 3 класи.

MotoGP

Иако викендот започна релативно мирно и делуваше дека работите се враќаат во нормала по најдобро извозениот круг од страна на Marc Marquez во FP1 со дури 3 десетинки предност пред шампионот од 2020 Joan Mir, следени од ескадрилата на Ducati, остатокот од викендот нè потсети дека живееме во крајно неизвесно време кое некако се пресликува и во MotoGP.

FP2 продолжи во сличен стил со двата возачи на HRC на првите 22 позиции, па Dovizioso на Yamaha и Pecco на Ducati...сосема нормален викенд...

Заради честите врнежи, притисокот за директен влез во Q2 беше уште поголем од вообичаен викенд, а со тоа и шансите за грешка, па така во FP3 бевме сведоци на една непријатна слика кога Marc излезе на слик гуми на патеката, и без многу форсирање се најде во песочната стапица катапултиран во еден незгоден хајсајд. Не постои згоден хајсајд, но кога станува збор за 8 кратен шампион кој се врати на патеката минатиот викенд по пауза од 2 трки заради повреда на очниот нерв, и кога ќе го видите истиот возач како атерира директно на главата нормално е и вие да направите болен грч на лицето. За среќа Шпанецот веднаш стана, видно потресен, и се врати во боксот од кој не излезе до крајот на сесијата, освен за тренинг на стартот. Заради засилениот дожд секако немаше поента да се излегува на патеката, па така останаа некои од големите фаворити надвор од Q2. Тоа значи форсирање во Q1 за влез во Q2 и подобрување на шансите за пласман во трка. А големите имиња се двајцата главни протагонисти сезонава Enea Bastianini и Alex Rins коои не успеаа да се најдат на патеката во вистинско време, како и специјалистот за квалификации Jorge Martin и главниот фаворит во предсезона Pecco Bagnaia. Токму Италијанот имаше сличен пад како и неговиот колега од HRC, но заврши на десното рамо и во првите моменти делуваше како да скрши клучна коска, но помина “само” со многу болки и ограничено движење на рамото.

Ниту еден од фаворитите не помина во Q2!

Помалку славните и (барем засега) помалку успешните браќа Alex Marquez и Luca Marini продолжија понатаму.

Само да напоменеме дека ги спомнуваме падовите и излетувањата кои делуваа посериозно, од излизгувањата на останатите натпреварувачи. Па така Pecco претходно имаше и лоусајд кој помина со поголема штета на моторот отколку на возачот. Интересно беше што додека се враќаше во боксот носеше дел од камената (песочна) стапица во рацете. Додека сите чешаа глави што значи тоа, дознавме подоцна дека им покажувал на тимот колку се крупни камењата кои природно се набиваат еден во друг и прават една опасна груба подолога кој не е пријатна ниту за возачите ниту за машините. Едноставно наместо да потоне во песок, моторот и возачот се одбиваат од набиената подлога и продолжуваат право до заштитната ограда гребејќи се од подлогата.

Квалификациите Q2 се одвиваа во понормални услови и релативно сува патека. На врвот се најде Zarco, Mir, Espargaro, во вториот ред Miller, Quartararo и Bezzecchi, па A. Marquez, Marini, Marc и Pol, по што заокружија двајцата возачи на фабричкиот тим на KTM. 

Трката започна на суво и беше можеби помалку возбудлива од самите тренинзи и квалификации. Она што го покажа Fabio Quartararo на загревачкиот тренинг го пренесе и во трка. Метрономски прецизните кругови со мали осцилации беа доволни за потполна доминација. Ова е неверојатен  резултат ако се земе претходниот викенд и генерално целата сезона во која Yamaha делува послабо од сите фабрички тимови. Со тоа младиот Французин максимално си ги крена акциите во преговорите за продолжување на договорот. А и има право на тоа, особено ако се земат предвид останатите возачи на Yamaha. Овој викенд видовме светли моменти и од Dovi во променливите услови, што значи дека воопшто не изгубил на брзина, додека Franco воопшто не се појавува на екраните заради бледото издание. Darryin засега импресионира со зрелоста, но не може баш многу да покаже брзина. Вака возеше претходно и Lorenzo, како и Marc и Stoner како единствени возачи кои умееа да се справуваат со мааните на нивните мотори и да го извлечат најдоброто од нив. Секако дека помогна конфигурацијата на патеката со релативното краткиот правец, и долгите и незгодни кривини, но она што го направи актуелниот шампион е навистина токму тоа, шампионски!

Joan Mir беше на добар пат да заврши трет, но Miller имаше друг план и го однесе заедно со себе надвор од патеката во (претеран) обид да го претекне во првиот свиок. Штета. Mir загуби значајни бодови, а Miller како да сака што побрзо да замине од фабричкиот тим. Јасно е дека судирот беше ненамерен, но едноставно симпатичниот Австралијанец веќе нема место за грешка.

Mir од друга страна ја прифати ситуацијата многу професионално, и беше повеќе загрижен за темпото кое го имаше (или немаше) во однос на Fabio, иако Suzuki се чини поконкурентен од Yamaha. 

Воедно ова е и прва победа за јапонски произведувач во оваа сезона, по победите на Ducati & KTM!

По испаѓањето на Mir и Miller, кои во последниве неколку сезони ги следи некоја фатална привлечност која мораше некогаш да кулминира, солидниот Zarko заврши како втор под притисок на постариот Espargaro. Весели лица на подиумот. 

Зад нив на четвртото место се најде одличниот Alex Rins кој стартуваше како 22-ри и претекна се што можеше да се претекне. Во моментов делува како да ги надмина проблемите од минатите сезони кога не знаеше кога е доста и често паѓаше додека се наоѓаше на висока позиција. Ако продолжи со ова темпо лесно ќе се наметне како сериозен кандидат за титула. Домашниот возач Oliveira извозе една релативно тивка трка на петтото место што е веројатно максимум за KTM во моментов. Потоа доаѓаат браќата Marquez кои извозеа една трка во која се претекнуваа неколку пат. Постариот излезе како победник во дуелот, но за шестата позиција наместо за победа. Зад нив уште еден возач кој покрај Fabio и Rins ја одбележаа оваа трка. Pecco заврши осми стартувајќи од последната позиција со повредено рамо! Веројатно поважно од бодовите е чувството на компетитивност кое го покажа во трка. Сèуште не е сè готово. 

Прв пад имаше и Enea Bastianini кој до моменот беше водечки, но веднаш си призна дека форсирал повеќе отколку што било потребно, додека пак трет пад во 5 трки имаше Jorge Martin што дефинитивно го оддалечува од борбата за титула. 

Pol и Maverick го заокружија топ 10, по што следуваа вообичаените возачи на последните позиции.

Ако судиме по оваа трка тогаш можеме да кажеме дека Fabio, Rins, Mir и Pecco се главните кандидати за титула, со една резерва за Enea Bastianini кој не го вбројуваме во фаворити само заради фактот што вози лански мотор кој е на граница на својот потенцијал и вози за приватниот тим на Gresini со лимитирано ресурси. Како и да е тука е Ducati кој сигурно ја следи ситуацијата и сигурно ќе реагира ако младиот Италијан остане единствена шанса за возачката титула.

Moto2

Овие момци имаа (не)среќа да ги почуствуваат променливите временски услови во полн сјај. Во моментите кога се чинеше дека некој од првите тројца ќе освои победа за првпат во нивната кариера во Moto2, настана еден општ хаос во кој тројцата водечки Canet, Beaubier и Ogura скоро синхронизирано прелетаа преку моторите во песокот (или на карпите) во вториот свиок. По нив скоро половина од целата Moto2 постава, излетаа еден по еден оставајќи ги возачите во песочната стапица во неверување. Само среќата и спретноста не дозволија да се случи огромна трагедија од моторите кои летаа како проектили, па дури еден и се запали при удар со друг мотор. Сцената личеше повеќе на бојно поле отколку на трка со расфрлани мотори и исполегнати возачи кои тетеравејќи се и куцајќи на една нога се повлекуваа во засолниште. Хаос!

cf mgp 05 por m2 race.00 02 05 12.still001.big

Дали до сега се случувало да врне на трка? Да! Дали повторно ќе се случи? Секако. Дали можеше да се спречи или да се менаџира подобро? Дефинитивно!

Прво да се реши проблемот со “камениот” песок за пократок (и помек) пат при излетување, а потоа судиите да регираат побрзо и да истакнат црвено знаме веднаш штом условите на патеката стануваат опасни. Судиите мафтаа со знамето за дожд неколку круга пред несреќата, што даде лажна слика на безбедност. И по истовременото паѓање на првите тројца требаше веднаш да се активира црвеното знаме. Но тоа е за организаторот на трката, кој по сето ова донесе и одлука да се продолжи со скратена трка од 7 круга. За несреќа на оние кои беа во состојба да ја продолжат трката по 5 минутната пауза, правилата налагаат да се врати оштетениот мотор по патеката, а не по скратен пат. Па така оние покрај краткото време за поправки на моторите, скратениот пат по кој ги вратија моторите им ја запечати шансата за повторен старт. 

И при повторниот старт навистина добивме “сефте” победник, но тоа не беше несреќниот Canet кој заврши со скршена коска во дланката, или другиот Американец Camerun или Јапонецот Ogura, туку Joe Roberts кој максимално ја искористи можноста и победи со солидна разлика. Не успеа да ја искористи шансата за прва победа Британецот Jake Dixon кој се обиде да го следи темпото на Американецот. Воедно со ова за првпат по долго време се вееше американското знаме кое последен пат се вееше во чест на Ben Spies во 2011 година. Vietti по лошиот пласман во првиот дел од трката успеа да се врати во игра и да заврши втор со што се одвои на врвот во генералниот пласман заради отпаѓањето на конкурентите, додека трет заврши одличниот Jorge Navarro. 

Moto3

Ако споредиме со Moto2 тогаш оваа класа која е вообичаено најинтересна во поглед на случувањата на врвот во поредокот делуваше дури и мирно со само 2 откажувања. Петмина возачи се одвоија напред и се менуваа на позициите. На крајот слваше Garsia, пред Masia и Sasaki, по што следеа Турчинот Öncü и Guevara. По нив следеа Tatay на CFMoto, Migno како прва Honda и вториот во поредокот Foggia кој успеа да се врати во игра по очајниот старт и падот во поредокот. 

Еве како изгледаше еуфоричниот влез во Parc fermé на победникот Sergio Garsia ☺.

Веќе за неколку дена одиме во Jerez и продолжуваме со возбудите во ова неизвесна сезона.

Би можело да ве интересира

Деновите, пред една од најкултните трки во календарот, изобилуваат со содржини.

 Според најавата на некои светски медиуми за очекување е KTM многу наскоро да ја лансира својата нова понуда во рангот на новата 490 серија. 

Дали организација на трка значи само објавување на стартот и мафтање со црно бело знаме за крај? Дали обврските на организаторот завршуваат тука?

Неверојатна е брзината, желбата и посветеноста на најбрзите тројца на секоја досегашна трка во овогодинешниот шампионат на суперспортските мотори WSBK!

Викендов во Србија на патеката Навак се возеа 3 и 4 трка во рамките македонскиот и БМУ европскиот шампионатот во врзински мотоциклизам. 

Запознајте ги Бранко, Новак, Михаил, Горјан, Гален и Олег. Јас ги запознав едно неделно попладне на полјана во близина на спортскиот аеродром Стенковец. 

Листа на мото настани

Забава на Custom Choppers Strumica по повод отворањето на нивниот клаб хаус.

  • 14 Мај 2022 - 14 Мај 2022
  • Custom Choppers Club House
  • На главниот булевар во Струмица

Мото клубот Вепар на 15-ти мај ќе ја организира петтата по ред бавна трка.

  • 15 Мај 2022 - 15 Мај 2022

Чопер клуб го најави Run to the Sun 2022.

  • 24 Јуни 2022 - 25 Јуни 2022
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

МК Мечки од Куманово го најави годинешниот „Moto Rock Fest 2022“.

  • 11 Јуни 2022 - 11 Јуни 2022
  • Спортски аеродром Аџитепе

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Да продолжиме со поголемо темпо од онаму кај што застанавме во 2019 година.
Се гледаме на првиот викенд во месец Јуни!!!
  • 03 Јуни 2022 - 05 Јуни 2022
  • Нов Парк
  • Свети Николе

Дводневен мото фестивал во организација на МК Тиквеш Рајдерс од Кавадарци.

  • 17 Јуни 2022 - 18 Јуни 2022
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.