Браќата Марк и Алекс Маркез денеска во Џакарта (Индонезија) ги претставија боите на новата Honda RC213V со која ќе настапат во МотоГП шампионатот оваа сезона.

Индонезискиот главен град ги пречека возачите на Хонда тимот за претставувањето на новата Honda CRF1100L Africa Twin Adventure Sports во земјата. На презентацијата тие беа придружувани од Тошијуки Инума (директор на PT Astra Honda Motor), Тецухиро Кувата (директор на HRC – и генерален менаџер на тркачките операции во компанијата) како и Алберто Пуиг, тимскиот менаџер на Repsol Honda, а по претставувањето на новата Африка Твин, тие ги покажаа и боите со кои ќе се натпреваруваат оваа сезона.

5e39444dec1952.03326732

Откако тимот ја освои рекордната 25-та титула во конкуренција на производители во МотоГП шампионатот, тие се надеваат на уште една силна година откако му посакаа добредојде на Мото2 шампионот Алекс Маркез. Со 309 победи во премиерната класа Хонда се постави како доминантна сила во Гранд При трките и зимскиот период го поминаа во осигурувајќи се дека трендот ќе продолжи и во 2020.

Марк и Алекс Маркез ги започнаа последните подготовки пред официјалниот тест во Сепанг (7-ми до 9-ти февруари) каде RC213V ќе дебитира со новите бои. Конечно, MotoGP™ 2020 започнува под светлата на рефлекторите во Катар (6-ти до 8-ми март).

Back To Top