MotoGP

MotoGP: Пол Еспаргаро го објасни преминувањето во KTM

„Пол Еспаргаро очекува во 2017 година тимот на KTM да се фокусира на развојот“

Следете нè на:

 

Пол Еспаргаро ги објасни причините за неговиот премин во тимот на КТМ и изјави дека успехот на Австриската фабрика на повеќе полиња е една од причините поради кои верува дека тука ќе ги исполни неговите амбиции.

Каталонецот ја искористи прес конференцијата да објави дека ќе ги замени боите на Tech 3 Yamaha со оние на KTM по завршувањето на актуелната сезона. Веднаш потоа тој кажа и дека е многу полесно да се натпреварувате со најдобрите кога имате цел фабрички тим зад вас.

pol espergaro pressПол Еспергаро

„Животот е за авантури и за оние кои веруваат во нешто што не функционира. Тоа е работа на духот, победничкиот дух,“ изјави 24 годишниот возач. „Секако дека е поудобно да останам таму каде што сум, но има нешто што ми вели мора да победиш бидејќи го можеш тоа.“

„Го направив тоа во категоријата од 125cc. Го направив тоа и во Moto2. Возачите кои ги победував сега се подобри од мене за 20 секунди. Сакам да покажам дека и јас сум добар, а најдобриот начин за тоа е да преминеш во фабрички тим. Ќе видиме дали тоа ќе се покаже како добра или лоша одлука.“

„Останатите понуди не беа толку добри како оваа. Исто така зависеше и поради фабричкиот мотоцикл и поддршката од целиот тим.“

„Се што тие прават, го прават на неверојатен начин. Секако дека ќе биде тешко да бидеме меѓу првите десет, но тие покажаа дека кај нив работат интелигентни луѓе. Верувам во нив.“

Во однос за очекувањата од следната сезона, тој додаде: „Без сомнение, ќе биде тешко. Беше тешко и за Suzuki. Тие веќе имаа искуство но кога се вратија се мачеа со моторот и со неговата моќност. Но ништо не е лесно во животот, а особено во MotoGP. Ако сакаме нешто, мораме да се бориме за него.“

Еспаргаро ќе му се приклучи на актуелниот тимски колега Бредли Смит во тимот на КТМ следната сезона. Тој е возачот со кого оствари победа на „ Suzuka 8-часа“ во 2015 година.

„Со Бредли имаме добар однос. Развивме неверојатен мотоцикл во Suzuka после само два до три дена тестирање. Потоа остваривме убедлива победа на трката. Тоа значи дека заедно можеме да направиме добар мотоцикл. Имаме два многу различни стила но можеме да соработуваме и ќе се обидеме истото да го направиме и за КТМ.“

Прашан што очекува да биде најголемиот предизвик за новата машина на КТМ, Еспаргаро изјави дека тоа би била уникатната тубуларна рамка - уникатна за MotoGP класата – која бара поголем развој.

„Мораме да провериме дали функционира тубуларната шасија. Моторот порано или подоцна ќе се подобри. Видовме дека Маверик и Suzuki се побрзи од нас на правец. Ако тубуларната шасија не функционира како што треба, ќе се мачиме. Јас преферирам побавен мотоцикл кој е подобар при свиоци отколку мотоцикл кој е брз на правец но е тежок за управување.“

Би можело да ве интересира

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.