„Aprilia  е една од опциите. Исто така има уште две одлични опции во Супербајк категоријата,“ Алеш Еспаргаро

„Разочаран и вознемирен“ од Suzuki, Алеш Еспаргаро потврди дека преговара со други тимови за следната сезона.

Suzuki го изненади Еспаргаро откако одлучи да потпише договор со Андреа Јанон, кој ќе настапува на местото на Маверик Вињалес, а сега веројатно и ѕвездадата од Moto2 серијата, Алекс Ринс, ќе настапува со GSX-RR.

„Работиме на иднината,“изјави Еспаргаро. „Последниот натпреварувачки викенд беше тежок. Тогаш сфатив дека не сум толку важен за Suzuki колку што си мислев. Од трката во Муџело решивме да побараме друг тим. Ќе се обидам да отидам во тим кој што навистина ќе ме сака. За мене, тоа е најважното нешто.“

aleix espergaroj

На прашањето дали од Suzuki му кажале дека нема место за него во тимот следната сезона, Еспаргаро одговори:

„Се уште не. Имам такво чувство. И покрај тоа што после шест трки сме на шестото место, со не толку голема разлика од Педроса кој се наоѓа на четвртото место, тие не покажуваат доволен интерес. Тоа навистина не ми се допаѓа. Вознемирен сум поради тоа. Затоа ги разгледуваме и другите опции.“

„Благодарен сум на Suzuki за можноста за прв пат да бидам фабрички возач, но повеќе сум вознемирен отколку лут бидејќи пред две години мотоциклот беше многу бавен. Тие работеа многу напорно но исто така и јас работев напорно. Го развивме мотоциклот, минатата сезона еднаш бевме први на стартот, а сега сме на шестото место во шампионатот. Мислам дека тоа и не е така лошо.“

„Сите знаат дека мој приоритет е да останам во Suzuki. Но тоа не зависи од мене. За тоа мора да одлучи Suzuki. Тие се голем бренд. Секако дека мора да го гледаат тоа што е најдобро за нив, а јас засекогаш ќе им бидам благодарен за двете фантастични сезони. Секако дека до крајот ќе се борам за место на подиумот и ќе уживам до крајот на сезоната, а за во иднина ќе видиме. Јас сум вознемирен и разочаран, но не сум лут.“

„Aprilia е една од опциите,“ изјави Еспаргаро. „Се уште не сме одлучиле. Се се случи многу брзо. Во Муџело почнавме да разговараме со други тимови. Има и две одлични опции во Супербајк категоријата.“

„Најважното нешто е дека ќе отидам во тим кој ќе покаже дека навистина ме посакува. Важно е да уживаш во животот и да бидеш среќен. И да, Aprilia е една од опциите.“

Back To Top