„Целта во Мисано ќе ни биде да го потврдиме напредокот кој го покажавме на последните неколку трки“ - Хорхе Лоренцо

Хорхе Лоренцо е одлично расположен во пресрет на тринаесетата трка од MotoGP шампионатот која овој викенд ќе се оддржи во Мисано.  На минатата трка тој заврши најблику до сега до тимскиот колега Андреа Довициозо. Разликата меѓу нив изнесуваше само 3.5 секунди и на крајот Лоренцо заврши на солидното петто место.

IMGP7816

Трикратниот Светски шампион има одлични резултати на Италијанската патека и досега има постигнато три победи, четири втори места како и три пол позиции. Лоренцо сега се надева дека ќе успее да го подобри рекордот и дека ќе постигне добар резултат пред фановите на Ducati.

„Трката во Силверстоун имаше многу позитивни аспекти. Разликата со победникот беше многу мала. Андреа победи и сега е лидер на табелата. Во моментов атмосферата во тимот е одлична.“

„Целта во Мисано ќе ни биде да го потврдиме напредокот кој го покажавме на последните неколку трки. Тестот кој го имавме тука беше многу позитивен и сигурно ќе ни биде од корист за оваа трка.“

„Мисано е една од моите омилени патеки и досега тука имам постигнато неколку победи. Убеден сум дека ќе постигнеме добар резултат. Секако тука се и фановите на Ducati кои ќе дадат огромна поддршка.“

Back To Top