Во пресрет на трката која овој викенд ќе се оддржи во Сан Марино, Марк Маркез вели дека е решен да заборави на претходната трка која се возеше во Силверстоун. Тој мораше предвреме да го заврши настапот поради проблеми со моторот, а поради тоа ја загуби и лидерската позиција во шампионатот.

IMGP9430 copy

Но бидејќи сега ќе настапи на трка која е значително различна од претходната и на која тимот има постигнато голем успех, Марк вели дека се чувствува самоуверен и дека е подготвен да се врати во борбата за титулата.

„Ќе се обидеме да имаме одличен викенд во Мисано и да заборавиме на претходната трка. Добро е што во последно време сме компетитивни на различни патеки. Ќе се обидеме да бидеме најсилни што можеме. Ќе работиме напорно за да го обезбедиме најдобриот резултат. Во август имавме позитивен тест таму и затоа ќе бидеме подготвени уште од петок наутро.“

Работите се одвиваат во позитивна насока и кај вториот возач во тимот. Дани Педроса исто така со нетрпение чека да се врати на патеката на која ја постигна првата победа во сезоната 2016.

„Со нетрпение чекам да се вратам на патеката и таа навистина ми се допаѓа. Таму секогаш има голем број на фанови и атмосферата е неверојатна. Имам добри сеќавања од таму и се надевам дека ќе можам да работам добро на секоја сесија. Пред неколку недели таму имавме тест кој помина навистина добро. Се надевам дека тоа ќе ни помогне да се движиме во вистинскиот правец уште од стартот на викендот.“

Back To Top