Поранешниот светски шампион во класата 250цц и победник на МотоГП трките Марко Меландри од следната сезона ќе настапува за Априлија МотоГП тимот.

piaggio-eicma2014-003

Поранешниот светски шампион во класата 250цц и победник на МотоГП трките Марко Меландри од следната сезона ќе настапува за Априлија МотоГП тимот.

Ова за мотори.ком.мк го потврди шефот на тркачкиот оддел на Априлија, Романо Албесиано на саемот „EICMA“ во Милано. Во Милано на штандот на Априлија беше претставен и новиот мотор со кој Априлија ќе се натпреварува во фабричката класа во МотоГП. 

piaggio-eicma2014-028

Со ова веќе е комплетиран тимот на Априлија за следната сезона, откако претходно својот потпис на две годишен договор го стави Алваро Баутиста. Марко Меландри замина од МотоГП во 2010 година, а претходно во 2005-07 настапуваше за Гресини тимот, истиот оној кој е во тандем со Априлија за 2015 година.

Меландри ја освои титулата во 2002 година во класата до 250цц со Априлија, потоа помина 8 сезони во ГП класата возејќи Јамаха, Хонда, Дукати и Кавасаки, а потоа забележа пет победи со Гресини тимот.

Back To Top