MotoGP

MotoGP: Маркез стигна до третата победа оваа година

Марк Маркез дојде до убедлива победа на трката која се возеше во Франција. На второ и трето место заврши двоецот на Ducati, Андреа Довициозо и Данило Петручи.

Следете нè на:

 

Марк Маркез дојде до убедлива победа на трката која се возеше во Франција. На второ и трето место заврши двоецот на Ducati, Андреа Довициозо и Данило Петручи.

Марк Маркез дојде до убедлива победа на трката која се возеше во Франција. На второ и трето место заврши двоецот на Ducati, Андреа Довициозо и Данило Петручи.

Веднаш после постигнувањето на 300-та победа за Honda во премиерната класа, Маркез изјави: „Оваа трка е секогаш тешка поради променливите временски услови. Мислам дека ова е моја прва трка на која настапив со меки предни пневматици, но тоа беше најдобрата опција. Бев фокусиран на перформансите се додека не забележав дека разликата со останатиtе возачи се зголемува. Многу сум среќен од резултатот и фактот што стигнав до 300-та победа за Honda во премиерната класа.“

fra motogp sun 1

Маркез го преживеа падот на квалификациите и стигна до пол позицијата

Маркез го преживеа падот на квалификациите и стигна до пол позицијата на трката во Ле Ман пред Данило Петручи и Џек Милер. Маркез беше еден од возачите кои паднаа за време на квалификациите. Сепак претходно, додека временските услови беа добри, тој успеа да постигне најдобро време.

Зборувајќи веднаш после квалификациите, тој изјави: „Денеска беше еден од оние денови. Поради временските услови не знаевме со какви пневматици да се појавиме на патеката. Знаевме дека мораме да притиснеме уште од самиот старт, кога имаше малку вода на патеката. Подоцна, условите за возење на патеката станаа потешки. Среќен сум со позицијата бидејќи денеска и најмала грешка може да направи да стартувате од последниот ред.“

Андреа Довицозо го предводеше вториот ред на возачи а веднаш зад него беа Валентино Роси и Франко Морбидели. Такааки Накагами, Хорхе Лоренцо, Алеш Еспаргаро и Фабио Куартараро ги пополнија првите десет позиции. Кал Кратчлоу ќе стартува од 15-то место.

fra motogp sat

Вториот ден од тренинг сесијата беше навистина интересен. Маверик Вињалес се најде пред Маркез а неколку возачи излетаа надвор од патеката. Во првиот ред му се приклучи домашниот возач Фабио Куартараро кој имаше уште еден импресивен настап. Вињалес вели дека е задоволен од работата која тимот ја заврши досега.

„Ова беше навистина позитивен старт на викендот за мене. Мислам дека многу брзо успеавме да го најдеме сетапот и затоа се чувствував многу добро на мотоциклот. Имам добро чувство со пневматиците. Но во секој случај, треба да продолжиме со напорната работа. Се уште има делови каде што треба да се подобрам. Но да почекаме и да видиме какви ќе бидат временските услови бидејќи тие тука се многу непредвидливи.“

„Ќе мора особено да внимаваме за време на квалификациите бидејќи е навистина важно да стартуваме од првиот ред. Се уште не сум возел со мотоциклот на целосно влажна патека но во Остин се чувствував добро кога возев со пневматици за влажна подлога.“

Хорхе Лоренцо имаше добар настап и стигна до четвртата позиција. На крајот тој се најде пред возачите на Ducati, Андреа Довициозо и Данило Петручи. На конечниот распоред, Кратчлоу им се приклучи на Милер и Валентино Роси и беше дел од возачите кои завршија надвор од најдобрите десет позиции.

fra motogp friday

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа ја намали предноста на Алваро Баутиста на само 16 поени откако стигна до втората победа на трката во Мисано.

КТМ го надмина Harley Davidson во продажба на мотоцикли на глобално ниво. Австриската фирма сега се искачи на врвот и стана компанија која е најдобра во продажба на мотоцикли а која не доаѓа од Азија.

Овие фотографии ни покажуваат дека Yamaha планира да направи промени на нивниот ултра популарен модел MT-07.

Снимен во Северо – Западниот дел од државата, конечно имаме прилика да го видиме новиот Ducati Streetfighter V4 во неговата природна средина.

За само 18 месеци имаме нова поправка на патеката во Силверстоун.

Понекогаш треба да побараш нешто од универзумот за тој да ти ја исполни желбата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.