MotoGP

Милер: Еспаргаро премногу лошо се однесуваше после сударот во Херез

„Очекуваше извинување. За што да се извинам? Јас бев оној кој излета надвор од патеката“ – Џек Милер

Следете нè на:

 

Џек Милер и Алеш Еспаргаро се уште имаат спротивни мислења за судирот кој го имаа на патеката во Херез.

За време на интервјуто кое го имаше на патеката во Ле Ман, Милер изјави дека возачот на Aprilia во текот на целиот пат од трката во Херез се однесувал лошо.

„Ми кажа дека сум заслужил да паднам. Ако навистина тоа го мисли, тогаш морам да признаам дека во гаражите имаме навистина добри луѓе.“

Еспаргаро останува на своето мислење дека немало доволно простор за Милер да помине и дека е среќен што не доживеал никаква повреда.

Милер имаше пробеми со забрзувањето во моментот кога Еспаргаро го претекна во последниот круг. Возачот на Pramac Ducati се обиде повторно да ја освои позицијата на која беше претходно но дојде до контакт помеѓу двајцата возачи. Милер излета надвор од патеката а Еспаргаро беше претекнат од страна на Стефан Брадл.

„Се однесуваше лошо за време на целиот пат и ми велеше дека сум заслужил да паднам. Тоа воопшто не е потребно“, вели Милер. „Ми кажа дека треба да му се извинам. Јас му одговорив дека ова е само обичен тркачки инцидент.“

„Ми кажа дека тој бил од внатрешната страна но тоа не беше точно. Доколку ја погледнете снимката можете да забележите дека премногу широко влезе во свиокот а јас само се обидов да ја следам мојата линија на движење. “

„На крајот се судривме и тој очекуваше извинување. За што да се извинам? Јас бев оној кој излета надвор од патеката. Мислам дека тоа не е потребно а кога му кажав дека јас бев оној што предвреме ја заврши трката, само кусо ми одговори дека сум заслужил да паднам. Ако навистина тоа го мисли, тогаш морам да признаам дека во гаражите имаме навистина добри луѓе.“

Miller txt 17 05

Еспаргаро пак вели дека е среќен што успеал да ја заврши трката со оглед на штетата која ја имаше на гумата.

„Немаше простор да ме претекне. Неколку пати го погледнав инцидентот. Исто така имав и оштетување на гумата и имав среќа што таа не експлодираше. Кога ја погледнаа луѓето од Michelin, не им беше јасно како успеав да извозам до крај со неа.“

„Немаше простор да ме претекне. Јас бев на белата линија. Ако имаше простор немаше да дојде до контакт помеѓу нас. Веднаш штом влезе од внатрешната страна тој се удри во мојот мотоцикл и излета. Затоа велам дека немаше доволно простор.“

„Ако останеше на својата линија и двајцата излетавме надвор, тогаш ќе разберев. Но штом го видов веднаш го исправив мотоциклот.“

„Само половина секунда ме делеа од Накагами и Кратчлоу во борбата за осмото место. Но после тоа Стефан ме претекна и завршив на единаесетата позиција.“

„Бев многу нервозен и очекував да ми се извини. Можеби не веднаш но мислев дека после неколку часа ќе дојде и ќе ми каже дека направил грешка. “

„Но не направи ништо такво и кога го видов во авионот го прашав што се случи. Тој ми одговори: Како мислиш што се случи. Излетав надвор од патеката. Јас пак му вратив: Немаше доволно место. Поради тоа заслужи да излеташ. “

Miller txt 1 17 05

Еспаргаро вели и дека одговорните лица на трката требало барем да упатат предупредување до него.

„Она што најмногу ме вознемирува е тоа што казната треба да биде за она што се прави а не за последиците. Ако јас паднев и скршив нешто, тогаш Џек ќе добиеше голема казна. Сигурен сум дека тоа ќе се случеше. “

„Но не паднав бидејќи имав среќа. Навистина ме вознемири тоа што немаше никаква реакција од страна на одговорните. За мене ова беше повеќе од само обичен инцидент.“

„Не паднав но претекнувањето беше премногу агресивно.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа ја намали предноста на Алваро Баутиста на само 16 поени откако стигна до втората победа на трката во Мисано.

КТМ го надмина Harley Davidson во продажба на мотоцикли на глобално ниво. Австриската фирма сега се искачи на врвот и стана компанија која е најдобра во продажба на мотоцикли а која не доаѓа од Азија.

Овие фотографии ни покажуваат дека Yamaha планира да направи промени на нивниот ултра популарен модел MT-07.

Снимен во Северо – Западниот дел од државата, конечно имаме прилика да го видиме новиот Ducati Streetfighter V4 во неговата природна средина.

За само 18 месеци имаме нова поправка на патеката во Силверстоун.

Понекогаш треба да побараш нешто од универзумот за тој да ти ја исполни желбата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.