„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Продолжува борбата на Хорхе Лоренцо да заврши меѓу најдобрите десет возачи. Трикратниот шампион ја заврши трката во Ле Ман на единаесетата позиција и тоа беше негов најдобар резултат оваа сезона.

Иако нема зашто да биде задоволен, Шпанецот вели дека сепак е постигнат напредок и инсистира дека е само прашање на време кога работите ќе си дојдат на свое место.

„Очигледно дека не можеме да бидеме задоволни од крајниот резултат. Не сакаме да бидеме на единаесетата позиција но забележав напредок и тоа ме прави среќен и ми дава надеж“, изјави Лоренцо чиј што викенд започна со гласините дека Honda му поставила ултиматум дека мора да ги подобри резултатите.

Jorge Lorenzo txt 22 05

„Ова беше прв викенд во кој еден ден завршив меѓу најдобрите пет возачи. За разлика од Катар, која беше многу бавна трка, ова ми беше прв настап во кој имав најмала разлика во однос на победникот на трката.“

„Исто така, за разлика од претходните трки, тука се борев со најдобрите возачи. Секој викенд учиме нови работи и само прашање на време е кога ќе се подобрат резултатите.“

„Сакам да изразам благодарност до тимот кој продолжува да работи напорно а исто така сакам да и честитам и на Honda за јубилејната, 300-та победа.“

Тимскиот менаџер Алберто Пуиг, кој ги негираше гласините за ултиматумот, изјави: „Позитивно е што Марк победи а Хорхе направи чекор напред во вистинската насока.“

Во пресрет на следната трка од серијата која ќе се одржи во Муџело, Маркез е на првото место на табелата додека пак Лоренцо е четиринаесети.

Разликата на Хорхе Лоренцо од победниците во сезоната 2019:

Катар:                                   + 14.307с (13-то место)

Аргентина:                           + 27.497с (12-то место)

Тексас:                                  Не ја заврши трката

Херез:                                   + 18.473с (12-то место)

Ле Ман:                                + 15.003с (11-то место)

Back To Top