MotoGP

MotoGP: Маркез победник на одличната трка во Арагон

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Следете нè на:

 

Иако изгледаше фантастично во текот на целиот викенд, тој мораше да вложи малку поголем напор за да се одбрани од нападите на Андреа Довициозо и Андреа Ианоне. Ова за жал беше лоша трка за Хорхе Лоренцо кој излета од патеката уште во првиот свиок.

Лоренцо старуваше од пол позицијата но Маркез имаше одличен почеток на трката откако од третото место успеа да се пробие до врвот. Откако двајцата премногу широко влегоа во свиокот, Лоренцо излета надвор од патеката при што доби повреда на стапалото и палецот. Во однос на инцидентот постојат различни гледишта. Сепак, ова му помогна на Довициозо да избие во предност, а Маркез падна на втората позиција.

markez sanmarino

Веднаш зад нив се најдоа Ианоне и Алекс Ринс кои пак беа следени од Дани Педроса и возачот на Aprilia Racing Gresini, Алеш Еспаргаро. Кал Кратчлоу исто така беше дел од таа група возачи во првите етапи но тој излета од патеката веќе во петиот круг.

Вака започна битката за Арагон. Ринс беше навистина опасен зад Маркез и неколку пати се обиде да го претекне. Веќе во единаесетиот круг, Довициозо, Маркез, Ринс и Ианоне направија разлика од речиси две секунди пред Педроса и Еспаргаро.

Веќе во единаесетиот круг Довициозо постигна најбрзо време од 1:48.30. Маркез беше близу до него и наскоро двајцата возачи веќе направија предност во однос на возачот на Suzuki. Сега на ред беше борбата помеѓу првите двајца возачи. Во дванаесетиот круг Маркез изби во предност, а веќе во 16-от круг, Довициозо се врати на првата позиција. Сепак во свиокот број седум, возачот на Repsol Honda се врати на лидерската позиција. Борбата помеѓу двајцата возачи беше навистина интересна, а тоа му помогна и на Ианоне да им се доближи.

Борбата се уште не беше завршена. Неколку круга подоцна, Маркез беше претекнат и од Ианоне и Довициозо. Сепак наскоро Ducati и Honda беа повторно во водство, а Маркез имаше уште еден трик кој планираше да го употреби.

Главниот момент на трката се случи во свиокот број 5, а актуелниот Светски Шамопион успеа до самиот крај да ја задржи предноста и да стигне до третата победа по ред на патеката во Арагон. Довициозо мораше да се задоволи со второто место изедначувајќи го притоа рекордот на Кејси Стонер според бројот на освоени места на подиумот. Ианоне стигна до својот трет подиум оваа сезона, а ова беше и прво искачување на подиумот на оваа патека за тимот на Suzuki.

На четвртата позиција заврши Алекс Ринс за кого ова беше втора трка по ред како завршува на четвртото место. Петти беше Педроса за кого ова беше најдобар настап по Гран При трката на Каталонија. Еспаргаро, кој заврши на шестата позиција го постигна најдобриот резултат за тимот оваа сезона. Шпанецот успеа да го победи Данило Петручи за наградата најдобар независен возач, откако Италијанецот заврши на седмата позиција. Валентино Роси трката ја заврши на осмото место, а веднаш зад него беше Џек Милер. Тимскиот колега на Роси, Маверик Вињалес, ги заокружи првите десет позиции.

Франко Морбидели беше единаесети додека пак Такааки Накагами, дванаесети. Бредли Смит имаше добра трка и заврши на тринаесетата позиција и на крајот се најде пред Јохан Зарко кој беше четиринаесети и Карел Абрахам кој беше петнаесети.

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.