МотоГП сезоната заврши викендов со последната трка која се возеше на патеката Валенсија во Шпанија. Шампионот Марк Маркез со стил ја заврши сезоната, дојде до рекордна 13-та победа една повеќе од онаа на Мик Дуан од 1997 година.

12marquez53rabat 8gn 5912 original

МотоГП сезоната заврши викендов со последната трка која се возеше на патеката Валенсија во Шпанија. Шампионот Марк Маркез со стил ја заврши сезоната, дојде до рекордна 13-та победа една повеќе од онаа на Мик Дуан од 1997 година.

Возбудливата трка му ја донесе вице шампионската титула на Валентино Роси со освоеното второ место во Валенсија, а Дани Педроса се искачи на подиумот како трето пласиран.

46rossi gp 2361 original

Клубскиот колега на Валентино Роси и директен конкурент за втората позиција во генералниот пласман, Хорхе Лоренцо, направи грешка во проценката на дождот кој започна да паѓа на патеката па откако го замени својот мотор свати дека гумите за дожд нема да му донесат никаков успех откако патеката се исуши за неколку кругови. Истата грешка ја направи и Андреа Ианон кој иако имаше одличен старт и возеше во предниот дел од колоната заради лошата проценка на временските услови на крајот остана без бодови.

04dovizioso35crutchlow gp 2927 original

Белег на последната трка секако оставија и возачите на Дукати, Кал Крачлоу и Андреа Довициозо, битката за четвртата позиција на крајот ја завршија со разлика од само 0.068 делови од секундата во полза на Довициозо.

Во продолжение и комплетните резултати од последната трка за 2014 година:

classification

Back To Top