Хорхе утре заминува на одмор за да собере сила за остатокот од сезоната но исто така и да размисли за иднината и дали е дојдено време да оди во пензија.

Информацијата долго време кружеше во MotoGP гаражите а се засили за време на трката во Заксенринг. „Лоренцо размислува да се повлече“ , зборуваа многумина.  Тешко е да се замисли дека возач како Лоренцо, кој после секој пораз се враќа посилен, би можел да се откаже од натпреварувањето. Но вестите кои ни доаѓаат од Лугано, каде што Шпанецот заздравува од повредата, не се премногу охрабрувачки.

„Се видовме за време на ручекот, малку е тажен и во понеделник ќе замине на одмор“ , изјави Џовани Кузари, пријател на Лоренцо.

Но во последните неколку дена, Лоренцо е малку повеќе од вознемирен. Зборуваше со своите пријатели за да најде утеха и одговор на прашањето, дали вреди да продолжи да се бори или е време да почне со следната етапа од неговиот живот.

Jorge Lorenco txt 07 09

Разговараше со Фернандо Алонсо, кој се повлече од Формула 1 кога таа повеќе не беше предизвик за него.  Шпанецот одлучи да направи промена иако се уште беше меѓу најдобрите возачи. Хорхе потоа се сретна со својата екипа и им кажа дека треба да се подготват за следната сезона бидејќи можеби нема да биде дел од MotoGP. За време на разговорот со еден близок пријател, призна дека веќе можеби не вреди да се ризикува и дека размислува на друга кариера.

Многу траги кои водат кон еден заклучок: Крај на неговата кариера како возач. Последните две години како возач на Ducati беа тешки но на крајот имаше барем нешто добро. Honda не беше само обичен избор туку правец по кој требаше да се движи. Но тука најде мотоцикл кој не одговара на неговиот стил и борба од која повеќе не сакаше да биде дел.

„Моја најголема грешка беше тоа што ја напуштив Yamaha“, изјави возачот а многумина се сложуваат со тоа. Во споредба со останатите возачи на патеката, би можело да се каже дека Лоренцо е веќе стар, но во секој друг контекст, тој е се уште млад.

Можеби ќе одлучи барем да ја заврши  сезоната но можеби и нема да се врати на трките. Три недели да  донесе одлука на прашањето кое ќе му го промени животот.

Како што заминува на Малдивите, тој има многу работи на кои треба да размисли. Последната повреда не му остави само физички проблеми туку и ментални. Мирно на плажата ќе ја донесе својата одлука и само тој знае каква ќе биде таа.

Back To Top