MotoGP

MotoGP гласини: Honda ги отфрли гласините дека Лоренцо планира да се пензионира

Во најновите гласини кои ги носиме од MotoGP, Honda ги отфрли информациите дека Лоренцо планира да се повлече од трките. Реагираа и на одлуката на Меландри кој реши дека е време да стави крај на кариерата.

Следете нè на:

 

Шефот на Honda, Тецухиро Кувата ги отфрли гласините дека Хорхе Лоренцо планира да се повлече од трките поради постојаните проблеми кои ги има со повредите како и лошиот настап со RC213V. Поранешниот шампион минатата година потпиша две годишен договор со тимот а првиот човек на HRC очекува тој да го исполни договорот. (Marca)

Откако Марко Меландри објави дека по завршувањето на актуелната сезона во Супербајк шампионатот ќе ги напушти трките, поранешниот шеф, Фаусто Гресини, му одаде почест на возачот. Гресини вели дека Меландри заслужил повеќе титули во својата кариера. Италијанецот има само една титула која ја освои во 2002 година во класата од 250cc. Во 1999 година заврши на второто место во категоријата од 125cc а на истата позиција се најде и во 2005 година кога беше дел од MotoGP. (GPOne.com)

Данило Петручи го помина тестот и сега има возачка дозвола. Возачот на Ducati пред трката во Германија се шегуваше дека поради тоа е малку нервозен во пресрет на трката во Заксенринг. (Gazzetta Dello Sport)

motogp gossip txt 11 07

Валентино Роси зборува за најлошата половина која ја имал од една MotoGP сезона откако на првите девет трки успеа да освои само 80 поени. Деветкратниот шампион се најде зад Маверик Вињалес на табелата. (Gazzetta Dello Sport)

Олимпискиот и светски скијачки шампион, Марсел Хиршер, имаше специјален настап со Red Bull KTM RC16 MotoGP мотоциклот на патеката во Австрија. Хиршер призна дека им се восхитува на MotoGP возачите а омилен натпреварувач му е Валентино Роси. (Speedweek)

MotoGP тимовите продолжуваат со тестовите и во текот на летната пауза. Дани Педроса и Мика Калио од КТМ ќе се упатат во Брно каде ќе тестираат во периодот од 9-ти до 11-ти јули. На 22-ри јули, Педроса сам ќе настапи на патеката во Австрија. Ducati и Suzuki исто така планираат тестови кои ќе ги одржат кон крајот на месецот. (MotoGP.com)

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

Алваро Баутиста ја започна втората трка во Лагуна Сека но се повлече после еден круг поради болки во рамото.

Џонатан Реа победи на Tissot-Superpole трката која се возеше во Лагуна Сека. На втората трка од WorldSBK на која победи возачот ка Ducati, Чез Дејвис, Реа заврши на втората позиција.

Серез ќе добие нов асвалт, а во Македонија не се ни спомнува изградбата на тркачка патека од која бенефит би имале сите.

Ова не е стандарниот модел на кој сите сме навикнати.

Помеѓу фотографиите, гласините и веќе потврдените модели, не може со прецизност да се каже точно кои мотоцикли би можеле да ги очекуваме на пазарот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.