MotoGP

MotoGP Германија: Роси е побавен 20 секунди

Валентино Роси е изненаден од брзината која ја имаше во Заксенринг: „Јас сум 20 секунди побавен во споредба со минатата година. Ова е многу тешко да се разбере. Мораме да ги промениме работите.“

Следете нè на:

Валентино Роси е изненаден од брзината која ја имаше во Заксенринг: „Јас сум 20 секунди побавен во споредба со минатата година. Ова е многу тешко да се разбере. Мораме да ги промениме работите.“

За прв пат по трката во Ле Ман која се возеше кон средината на Мај, Валентино Роси успеа да заврши една трка. Ова беа добрите вести.

Лошите се дека чувството кое го имаше со мотоциклот по трката во Асен, исчезна. Сега Италијанецот заминува на летната пауза збунет од загубата на 20 секунди во споредба со резултатот кој го имаше минатата година на истата патека. Тогаш заврши на второто место со заостанување од 2 секунди зад победникот. Овој пат беше девети а разликата изнесуваше плус 19 секунди.

Условите на патеката како и пневматиците сигурно се едни од факторите за овој резултат, но само за споредба, победникот Марк Маркез беше само три секунди побавен во споредба со минатата година. Маверик Вињалес пак беше пет секунди побавен.

„Денеска успеав да завршам но ова беше навистина тешка трка“ , изјави Роси.

„Овој викенд за нас беше важен. На трката во Асен, пред да се случи несреќата имав добро чувство кога бев на мотоциклот. Тука требаше да потврдиме дали сме на вистинскиот пат. За време на тренингот имав добра брзина но за жал тоа не беше доволно.“

Rosi Germany txt 1 08 07

Минатата година, во периодот од Ле Ман до Заксенринг, Роси четири пати успеа да се најде на подиумот. Во истиот период оваа година не успеа да се искачи повисоко од петото место.

„Се уште имаме проблеми и мораме да откриеме зошто се случува тоа. Минатата година, овој период ми беше еден од подобрите во текот на сезоната. Но оваа сезона имаме многу проблеми. Мораме да ги анализираме податоците и да разбереме зошто се случува ова. Не се чуствувам добро кога сум на мотоциклот и сум многу побавен во споредба со минатата година.“

„Денеска бев 20 секунди побавен во споредба со минатата година. Тоа е многу тешко да се разбере но мораме да најдеме начин.“

Кога Роси има лош настап а неговиот тимски колега, Маверик Вињалес, ќе се искачи на подиумот, Италијанецот секогаш се соочува со прашата поврзани со неговата возраст.

40 годишниот возач вели дека се уште има мотивација да се натпреварува на највисоко ниво и дека годините не се проблем.

„Доколку оваа година го имав истиот резултат кој го постигнав лани, а другите возачи се за 20 секунди побрзи од мене, би си рекле дека е време да се повлечам. Но јас сум 20 секунди побавен од резултатот кој го постигнв минатата година. Не пред пет години. Се чувствувам добро и сум многу мотивиран.“

Можеби разликата меѓу него и Вињалес се должи на тоа дека Шпанецот одбра да настапи со тврда задна гума. Роси пак вели дека немал избор и морал да вози со гума која има средна цврстина.

„За жал почнавме со такви пневматици. Знаевме дека ќе бидат малку побавни но очекувавме да бидат конзистентни. Но за жал тие не се покажаа како добри. Немав добар старт на трката а веќе кон крајот имав многу проблеми.“

Rosi Germany txt 2 08 07

Сепак Роси вели дека освен пневматиците, тимот има и други проблеми.Иако настапи со мотоцикл кој имаше модификации на рамката, тој сепак на крајот се врати на првичната верзија.

„Испробавме неколку различни опции во текот на сезоната но одлучив да настапам со истата шасија.  Не знам што има кај Маверик, можеби неговата шасија има мали модификации. За тоа ќе морате да зборувате со него или со Yamaha.“

Се чини дека главната разлика зошто Вињалес и Куартараро се подобри од нивните тимски колеги се должи на различниот сетап на новиот М1.

„Мислам дека мотоциклот треба да има поинакви сетинзи во споредба со минатата година. Кај мене и кај Фабио тоа е изгледа потешко да се направи.“

„Треба да разбереме што е проблемот. Сега ни престои летната пауза и треба добро да се одмориме. Ќе видиме што ќе се случи потоа.“

Вињалес сега го помина Роси на табелата и е најдобар возач на Yamaha. Оваа сезона Шпанецот три пати се искачи на подиумот. За разлика од него, Роси на првите три трки од сезоната два пати се најде меѓу најдобрите возачи.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Благодарение на Мото Азуро имавме прилика да го провозиме новиот Yamaha Tenere 700 и да уживаме во карактеристиките на овој специфичен модел.

Иако МотоГП шампионатот сè уште не е започнат, падокот врие од новостите кои пристигнаа деновива.

Првата трка од Ендуро шампионатот на Македонија за 2020 година ќе се вози на 21-ви јуни во Велес.

Конечно добри вести за љубителите на МотоГП, денеска беше објавен официјалниот календар според кој сезоната конечно ќе започне на 19-ти јули со трката во Херез.

На листата на откажани трки за 2020 денеска беше додадена и легендарната Муџело.

Трката која требаше да се вози на 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14-ти јуни.

Реклами

Листа на мото настани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.