„Мораме да разбереме кога ќе можеме да ги користиме. Се надевам дека тоа ќе биде наскоро“ – Валентино Роси

По успешниот тест на патеката во Брно кој се оддржа во понеделникот,  Валентино Роси се надева дека во најбрзо време ќе почне да настапува со новата шасија и задна вилушка.

Денот започна бавно поради лошите услови на патеката, но веќе попладнето  тие се подобрија. Роси постигна второ најдобро време и заостануваше само 0.371 секунда  зад тимскиот колега Хорхе Лоренцо.

motogp sachsenring 2016 20

„На крај,  денот заврши добро,“ изјави Роси кој извозе 60 кругови. „Утрово сите беа тажни бидејќи условите на патеката беа лоши. А кога јас почнав да возам  - одлучивме да настапам бидејќи моравме да провериме неколку важни работи – времето кое го постигнав беше навистина добро.“

„Но подоцна, кога имаше уште неколку мотоцикли, патеката се исчисти и последните два часа беа одлични. Тестот беше добар бидејќи можевме да притиснеме, да бидеме брзи.“

„Особено ми се допаднаа новите работи. Испробавме различни работи, особено различната шасија и задна вилушка. Морам да признаам дека ми се допаднаа.“

„Чувството на мотоциклот се подобри и можам побрзо да влегувам во свиоците. Исто така ми се допадна мотоциклот и при сопирање. Морам да разговарам со тимот, но се надевам дека ќе настапам со новата шасија во текот на оваа сезона.“

Италијанецот, кој сега се наоѓа на второто место во шампионатот, изјави дека шасијата прави разлика при влегување во свиок а задната вилушка при излегување од свиок.

„Задната вилушка далава мала предност при забрзувањето, но стабилноста доаѓа од шасијата.“

Друг важен дел од тестот беше употребата на новите пневматици на Michelin. Исто како и за шасијата и задната вилушка,  Роси изјави дека има значителен напредок, но најверојатно тие нема да се употребуваат во текот на оваа сезона.

„Имавме два нови предни пневматика од Michelin, но најверојатно нив ќе ги употребиме следната сезона. Со нив можеш да притиснеш повеќе. Направивме и некои мали подобрувања на електрониката.“

На седум трки до крајот, Роси заостанува 53 поени во однос на Марк Маркез. Маркез, кој заврши на третото место на трката во Брно, повторно се најде на третото место и на тестот кој се оддржа после трката.

Роси и претходно пробуваше нова шасија, веднаш после трките во Барселона и Асен.

„Денеска го споредивме времето кое го постигнавме на друга патека.  Но мене повеќе ми се допаѓа стандардната шасија,“ изјави Роси по завршувањето на трката во Холандија. „Се обидовме да го подобриме чувството со предниот пневматик на Michelin, и постигнавме мал напредок. Но за жал, загубивме во стабилноста.“

Back To Top