По трите тренинга на патеката Лосиал во Катар, Марк Маркез е на чело на табелата со комбинираните времиња, а на општо изненадување, зад него се најде Кал Карчлоу на CWM LCR Honda.

93 marquez marquez 4gn 0238 1.middle

По трите тренинга на патеката Лосиал во Катар, Марк Маркез е на чело на табелата со комбинираните времиња, а на општо изненадување, зад него се најде Кал Карчлоу на CWM LCR Honda.

Најдобрите десет возачи од досегашните тренинзи автоматски возат во втората квалификациска сесија, останатите ќе возат во Q1, од каде најдобрите двајца ќе им се приклучат на овие 10 возачи во борбата за стартнат позиција од 1-12 на патеката.

Според она што имавме прилика до сега да го видиме, не очекува пеколна трка утре, првите 18 возачи на патеката се во разлика од само една секунда!

Марк Маркез останува на челната позиција без притоа да му дозволи на некој да му го одзеде првото место на провизорната табела, но изненадувањето на денот дојде од Кал Крачлоу. Возачот на CWM LCR Honda тимот забележа време кое беше само 0.096 секунди зад она на Маркез.

Тимот на Дукати кој ги постави „крилцата“ на двата мотори (претходно ги користеа само на моторот на Андреа Довициозо) се чини дека направија одлична работа. Андреа Ианон успеа да забележи трет резултат, а Довициозо беше шести. Помеѓу нив се најдоа возачот на Сузуки тимот Алеш Еспергаро и Дани Педроса на Хонда.

Изненадувачки но во борбата за првите позиции не ги видовме возачите на Јамаха, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси на крајот едвај се изборија за учество во втората квалификациска сесија финиширајќи на 8 и 9 позиција. Пол Еспергаро последен се избори за учество во Q2.

За резултатите од комбинираните времиња кликнете овде.

Сабота на SportKlub 3:
- Квалификации Мото3 од 16.00
- Квалификации Мото2 од 16.55
- Тренинг 4 МотоГП од 17.55
- Квалификации МотоГП од 18.35

Недела на SportKlub 3:
- Загревање Мото3 од 14.50
- Загревање Мото2 од 15.25
- Загревање МотоГП од 16.00
- Трка Мото3 од 17.00
- Трка Мото2 од 18.20
- Трка МотоГП од 20.00

Back To Top